Каде жените сакаат да ги допирате?
Кожата на жените е многу осетлива на допирот на мажите. Затоа не ја потценувајте моќта на допирот. Допират може да ве однесе таму , каде што секој друг труд нема. Но како и каде да ја допирате? Што всушност таа сака?

Образ
Неодамна, студија во универзитетот Калифорнија, покажале дека жените доста позитивно реагираат на обичен бакнеж во образ, на првиот состанок. Доктор Симон Мур, ко-автор на овие студии, советува дека на првото излегување, започнете со бакнеж во образ.
Колена
Подрачјето на телот кое не е често изложено на контакт, но се доста чувствителни. Тоа посебно се однесува на задниот дел на колената, баш како и подрачјето под раката е ерогена зона, која нажалост е потценета. Поминете со рацето по задниот дел на колената и ќе почувствувате колку тој дел ќе ве возбуди.
Надлактица
Нучниците утврдиле дека горниот дел на рацете предизвикува позитивна реакција кај жените. Допирот се гледа како знак на привлечност. Џуди Џејмс, авторка на книгата „Библија за говорот на телото“, објаснува дека, ако ја допрете жената во текот на разговорот, кај надлактицата, праќате доста суптилен знак дека ви се допаѓа.
Грб
Грбот е чувствителен дел. Ако сеуште не сте во длабоки чувства, можете полека да ја ставите вашата рака на нејзиниот грб, на пример кога шетате. Во интимните односи, целата ваша предигра може да се базира на нежи бакнежи и допири по нјазиниот грб.
Дланка
Дланките се доста чувствителни на допир поради многу нервните завршетоци. Без обзир на нивото на блискост, контактот на дланките е гест кој ве зближува и кој го зацврстува вашиот однос.

