Сите интересни податоци околу Денот на вљубените
Западниот свет денеска го слави Св. Валентин односно Денот на вљубените, а околу овој убав празник има неколку интересни статистики.

Еден од најинтересните податоци е дека околу 10 милиони жени денеска очекуваат да добијат брачна понуда, а повеќето парови ќе направат свадба во следните неколку месеци.
Голем број мажи се подготвени тогаш да ја покажат својата романтична и емотивна страна, па ќе потрошат многу пари на поклони. Податоците покажуваат дека мажите трошат околу 100 долари на подароци, додека жените се подготвени да потрошат помалку од половина од таа сума.
Истражувањата покажуваат дека Денот на вљубените е најкомерцијалниот празник на светот, па само во САД ќе се потрошат околу 17,3 милиони долари само за поклони и прославување на овој ден.
Дури 80 проценти од подароците што денеска ќе ги добијат жените ќе бидат црвени рози, секси долна облека и чоколадо.
Сепак не сите се вљубени или во врска, па за 37 проценти од луѓето, овој ден е најлошиот во годината.

