Љубов и секс
Љубовта навистина е дрога, а оваа научна студија ќе ве увери во тоа!

Психолозите од универзитетот Нортвестерн во Чикаго докажале дека луѓето интензивното чувство на љубов ги прави еуфорични, и го споредиле со конзумирање дрога, односно чувството дека корисникот е “high”.
Кога луѓето се навистина вљубени, единственото нешто на што размислуваат е партнерот, а кога саканата личност ја нема во близина, чувството е идентично на она кое кога зависникот по секоја цена мора да дојде до дрога.
Со текот на времето тоа чувство избледува како развитокот на толеранција на дрогата и само близината на партнерот веќе не е доволна за постигнување на екстаза.

Од друга страна, прекинот на врската доведува до идентични реакции на организмот кои се јавуваат кај зависник кој е подолго време оставен без дрога.
Хемиската супстанца одговорна за феноменот на заљубеност или “high” чувство е допаминот, а делот од мозокот кој се активира тогаш се нарекува мезолимбички допамински систем.

Мозокот користи невротрансмитери, како што е допаминот, да ги регулира психичките функции и да комуницира со телото. На тој начин влијае на психичката и физичката благосостојба – го стимулира метаболизмот, го поддржува циркулаторниот систем, ја отстранува депресијата и го регулира протокот на информации во мозокот.


