Занимливости
Италија ја укина забраната за вештачко оплодување co донирани јајце клетки
Италијанскиот Уставен суд ја укина забраната за користење донаторски јаце клетки или сперма при вештачко оплодување, оценувајќи дека таа претставува кршење на Уставот на земјата.
Одлуката на Судот стапува во сила веднаш.
Ваквото решение на Судот претставува победа на двојките кои беа против забраната на ин витро оплодување со помош на донирани јајце клетки или сперма, што било предвидено со Законот за вештачко оплодување од 2004 година.
Италијанската министерка за здравство Беатрис Лоренцин побара од Парламентот повторно да го разгледа спорниот закон.