Зошто не треба да го запоставуваме грејпфрутот?
Многубројни се причините зошто треба да консумирате грејпфрут (овошје кое неправедно го запоставуваме) – помага да ја одржите виткоста, ја смирува настинката, дејствува превентивно од разни болести и го забавува стареењето. Во тоа ќе ви помогне грејпфрутот чијашто моќ го јакне и чисти организмот.
Консумирањето витамин Ц можеби нема да ја спречи појавата на настинката, но ќе ги ублажи симптомите и ќе го забрза нејзиното исчезнување. Во случај на болести, неговата препорачана дневна доза е околу 400 мг. Еден грејпфрут обезбедува дури 77 мг витамин Ц.
Грејпфрутот е одличен продукт и одржување на здравјето на срцето. Грејпфрутот изобилува со флавонодиди, меѓу кои доминира хесперидинот одговорен за поттикнување на добриот холестерол (ХДЛ) и за намалување на лошиот холестерол (ЛДЛ) и триглицеридите.
Исто така, тој е богат и со влакна, особено со пектин, кој ја попречува апсорпцијата на масти. На тој начин се намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, како и од висок крвен притисок.
Ова цитрусно овошје благотворно влијае и на кожата. Црвениот пигмент во црвениот грејпфрут укажува на присутноста на ликопен, антиоксидант кој му помага на телото да се спротивстави на стареењето на клетките предизвикано од штетните слободни радикали. Ликопенот го намалува ризикот за појава на неколку облици на рак, како тумор на цревата, простатата и на белите дробови.
Грејпфрутот ја одржува виткоста. Поради изобилството со вода и влакна, грејпфрутот ве прави да се чувствувате сити. Нутриционистите велат дека со грејпфрутот се губат килограмите. Луѓето кои секојдневно го консумираат многу полесно и побрзо ги топат килограмите.
Меѓутоа, постојат состојби каде треба да се внимава со консумирањето на грејпфрут. Месото и сокот од грејпфрутот можат да ја намалат ефикасност на некои лекови (како оние за намалување на крвниот притисок, за регулирање на срцевиот ритам, депресија, немир, ХИВ). Затоа, во случај на нивно земање, проверете со својот лекар дали смеете да го консумирате.
Подготви: К. А.