Виталиа дел од проектот „Здрави навики – здраво бебе“
Еден од главните предуслови за здрав развој на децата од предучилишна и училишна возраст е здравата и правилна исхрана. За жал, брзиот и динамичен живот наметнува поинакви, нездрави навики, не само на возрасните, туку и на најмалите.

Готовите оброци и брзата храна стануваат дел од секојдневието на се поголем број на деца – што придонесува за проблеми со здравјето во подоцнежните фази од нивниот развој. Компанијата за здрава храна Виталиа редовно ги поддржува и иницира кампањите кои се директно насочени кон подобрување на квалитетот на животот и стекнување на здрави навики, со посебен акцент на најмладите – децата.
Токму затоа, во соработка со Одделението за предучилишно воспитување при Општина Кисела Вода, Виталиа беше дел од проектот „Здрави навики – здраво бебе“. Беше одржан серијал на стручни предавања, кои во периодот од 06.03 до 14.03 се организираа во објектот Пржино, при ЈДГ „8-ми Март“, како и објектите Сончоглед и Синоличка при ЈГД „Весели цветови“. Истите беа со цел да им се овозможи на родителите да се информираат околу правилниот начин на исхрана,како и совети околу имунолошкиот статус за здрав развој на детето.
„Виталиа е општествено одговорна компанија која веќе 20 години од се срце се грижи за здравјето на нашето население. Оттука, со големо задоволство се приклучивме на оваа извонредна кампања која има за цел едукација на родителите и негователскиот кадар за подобра грижа, нега и внимание на бебињата преку нивна здрва исхрана и одгледување. Искуството кое го стекнавме овие 20 години и експртизата во производството на здрава храна го преточивме во советодавни предавња за начинот на исхраната на бебињата што ќе овозможи нивен правилен понатаможен раст и развој” – изјавуваат од Виталиа.
Ова е продолжение на проектот 5-ка за здрава храна за кој компанијата во 2013 ја доби престижната 13 Ноемвриска награда.
