Неврологија

Дијабетична невропатија

Во текот на претходната дискусија, шекерната болест (сНађе&б теШШб БМ) беше нотирана како причина за различни типови на невропатија. Бидејки шекерната болест е така често заболување и манифестациите на периферните нерви се различни, резимето на овие манифестации е релевантно.

Во текот на претходната дискусија, шекерната болест (сНађе&б теШШб БМ) беше нотирана како причина за различни типови на невропатија. Бидејки шекерната болест е така често заболување и манифестациите на периферните нерви се различни, резимето на овие манифестации е релевантно.

БМ предизвикува периферна невропатија преку два главни механизми: (1) нарушување на нормалните метаболни процеси на аксонот, што резултира со аксонопатија и (2) исхемија, особено на микроваскуларизацијата на нервот (уаза пегуогит). Двата механизми не се заемно исклучиви, и релативниот придонес на метаболните фактори наспроти исхемијата на дисталните симетрични полиневропатии е нејасна.

БМ е директно одговорна за неколку невропатски синдроми:

1. Дијабетична дистална симетрична сензоримоторна полиневропатија на аксон. БМ е водечка причина за дистална симетрична полиневропатија во САД. Значителна невропатска болка може да биде придружена со овој процес. Загубата на чувствата (сензација) придонесува за повреди на стапалото што може да резултира со инфекции и гангрена, и може да бара ампутација на делови од долните екстремитети. Други пациенти развиваат атаксија со тешка сензорна загуба и слабост што доведува до пагања. Не е достапно специфично лекување, но испитувањата покажуваат дека добра контрола на гликозата, со нормален гликолизирачки хемоглобин, води до подобар резултат. Традиционално, по иницијалната дијагноза на невропатија кај нови пациенти со БМ, оптималната контрола на гликозата дозволува кај една -третина подобрување и кај една -третина стабилизирање. За жал, останатата една третина ке продолжи да има влошувачка невропатија. Пациентите со овој процес се под зголемен ризик за компресивна невропатија, и реагираат помалку успешно на декомпресија. Симптоматските третмани оваа состојба се исти со оние прикажани подолу за невропатија генерално. Мора да се преземе грижа за да се избегне повреда на стапалото и стапалото треба редовно да се прегледува за знаци на траума или инфекција.

2. Изолирана кранијална невропатија. Кранијалните невропатии што ги зафакаат нервите 3 до 12 се опишани кај пациенти со БМ, обично добро закрепуваат. Кај некои, не кај многу случаи, основната патологија е исхемија предизвикана од компромитирани уаза пегуогиш. Појавата на повеке од една кранијална невропатија бара брзо пребарување на централни лезии за доказ на синдром за хроничен менингит. Во продолжение, други причини за изолирана дисфункција на кранијален нерв треба да биде исклучена со Лајмски антитела, лупус, скрининг за сифилис, и седиментација и МШ може да биде потребна. Лекувањето е насочено кон симптомите што се предизвикани од кранијална невропатија..

3. Дијабетична автономна невропатија. Ова нарушување може да се појави изолирано или со БМ полиневропатија. Главните проблеми што ги предизвикуваат ова нарушување вклучуваат ортостатска хипотензија, гастрпареза, еректилна дисфункција и инконтиненција.

4. Исхемична лумбосакрална дијабетична плексопатија и феморална невропатија (дијабетична амиотрофија).
Овој процес се појавува како резултат на дијабетично компромитирање на големи и мали садови што го снабдуваат лумбосакралниот плексус. Може да биде болен или безболен, но генерално предизвикува слабост на мускулите на бедрото. За нарушувањата нема посебен третман и треба да се разликуваат од кбмпресивни, инфилтративни и инфламаторни причини за плексопатија што треба да се лекуваат различно. Една студија парадоксално сугерира дека кортикостероидите се бенефицијални (како што беше претходно опишано кај недијабетични идиопатски инфламаторни лумосакрални плексопатии), и покрај ефектот на стероидите врз контролата на шекерот во крвта. Подобрувањето генерално се појавува за неколку месеци, но може да не биде комплетно. Поретко, сличен ентитет може да се појави кај брахијалниот ентитет.

5. Изолирана торакална (или друга) радикулопатија. Овој процес предизвикува болка изолирана на
дерматомен начин на сензорна вклученост*. Често постои дизестезија што може да имитира ћегрез 2051ег. Придружната слабост на предните абдоминални мускули може да има појава на хернија. Мора да се води сметка да се разгледаат другите причини за повреда на нервен корен, тестови за инфективни и други причини за радикулопатија треба да се спроведат, исто како и МШ на зафатениот спинален нервен корен за да се исклучат масивни лезии или други локални процеси што го зафакаат нервот. Повторно, не постои специфичен третман; болката може да биде адресирана како и со други невропатски болни синдроми, и процесите често се подобруваат со месеци.

6. ММ. Како што може да се предвиди од различноста на мононевропатиите и плексопатиите, за што беше дискутирано погоре, скоро секој нерв може да биде зафатен од дијабетични исхемични ефекти. Кога овие процеси се случуваат истовремено кај еден пациент, кај пациентот се јавува колаж на индивидуални нервни нарушувања, овие невропатии може да имитираат друти процеси што предизвикуваат пореметена функција на повеке нерви. Дијагнозата е насочена кон исклучување на други причини за ММ. Специфичниот третман на дијабетична ММ е ограничен кон решавање на високите вредности на шекер во крвта што најчеста се гледа кај овие пациенти.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Check Also
Close
Back to top button