Синузит
Во тек на вирусните инфекции на горниот респираторен тракт често доага до собирање на течност во параназалните синуси. Бактериски суперинфекции настануваат кај околу 5% од колекциите на течност во синусите.
Во тек на вирусните инфекции на горниот респираторен тракт често доага до собирање на течност во параназалните синуси. Бактериски суперинфекции настануваат кај околу 5% од колекциите на течност во синусите. Фактори на ризик за настанување на бактериската суперинфекција се баротраумата (на пр. патување со авион) и хемиската иритација (на пр. хлор). Исто така, зголемен ризик има кај пациентите во единиците за интензивна нега (особено кај оние со назална сонда) и кај пациентите со болести при кои е нарушен цилијарниот транспорт. Дијагнозата на бактерискиот синузит се темели врз клиничкиот наод при што само наодот на колекција на течност не е доволен за поставување на дијагнозата. КТ на синусите е корисна дијагностичка метода, особено во случаите со слаб одговор на применетата терапија.
Кај многу пациенти со синузит се откриваат структурни абнормалности кои ја нарушуваат дренажата на синусите, на пр. абнормалности на септумот или полипи. Едемот на синусните остиуми, како и на средниот меатален комплекс, исто така, се предизпонирачки состојби за настанување на синузит.
Најчест симптом на синузитот е болката во лицето, а според нејзината локализација може да се одреди кој синус е зафатен со инфекција. На пример, болка над образите се јавува при максиларниот синузит, болка над очите при темпоралниот синузит, болка над коренот на носот при предниот етмоидален синузит, ретрорбитална болка при задниот етмоидален синузит, а болка во мастоидниот регион при темпоралниот синузит. Треската и секретот од носот не се секогаш присутни, но ја потврдуваат дијагнозата. Исто така, знаците како болка на перкусија во пределот на воспалените синуси и неможноста за осветлување на синусната празнина не се секогаш присутни.
Микроорганизмите изолирани од назалниот секрет не мора да бидат специфичните патогени кои го предизвикале синузитот, па овој наод има ограничена вредност кај акутниот синузит. Најчесто изолирани бактерии се стрептококите (5. рпеитотае и другите видови), Н. тј1иепгае и МогахеПа саШггкаНз. Кај пациентите со хроничен синузит, освен овие бактерии, чести предизвикувачи на болеста се и анаеробните бактерии и 8ШрИу1ососсиз аигеиз.
Ефикасен третман на синузитот не е можен доколку не се обезбеди дренажа на воспалените синуси. За тие цели често се применуваат аеросолизирани вазоконстрикторни агенси. Често се применуваат и кортикостероидите за назална инхалација поради нивното антивоспалително дејство на назалната мукоза. Адекватната хидрација ја намалува вискозноста на секретот. Антихистаминиците можат да ја зголемат вискозноста на секретот и со тоа да ја влошат состојбата, но, од друта страна, доколку едемот на слузницата е предизвикан од алергиско воспаление, тие имаат поволен ефект.
Антибиотици што се препорачуваат за емпириска терапија на синузитот се триметоприм/сулфаметоксазол, амоксицилин/клавулонската киселина и цефалоспорините од втората генерација, а терапијата треба да се применува две до четири недели. Компликации на синузитот се кранијалниот остеомиелит, особено на фронталната коска или во периорбиталната регија (вклучително со формирање на периостален абсцес), и епидуралниот абсцес. На оториноларинголог треба да се упатат пациентите кои слабо реагираат на применетата терапија, потоа оние кај кои настануваат компликации, пациентите со хроничен синузит и пациентите со структурни абнормалности. Имунокомпромитираните пациенти, особено оние со системски болести, треба да се хоспитализираат.