Фарингит
Фарингитот може да биде предизвикан од бројни вируси (инфлуенца, Коксаки, ЕБ, ХИВ и аденовируси) и бактерии (стрептококи од групата А).
Фарингитот може да биде предизвикан од бројни вируси (инфлуенца, Коксаки, ЕБ, ХИВ и аденовируси) и бактерии (стрептококи од групата А, АГт$епа §опоггкоеае, Мусор1а$та и Согупе&асГепит). Од друга страна, најчесто прашање што се поставува кај пациентите е дали тие имаат т.н. стрептококно грло ($1гер Гкгоа1).
Прашањето е едноставно, но не и одговорот. Клинички манифестации на стрептококното воспаление на грлото се треска, болно грло, вратна лимфаденопатија и фарингеален или тонзиларен ексудат, но клиничкиот наод не е доволен за поставување на етиолошка дијагноза. Високата зачестеност (околу 20%) на клицоносителите на стрептококите од групата А ја отежнува интерпретацијата на културите и на брзите дијагностички тестови (на пр. ензимскиот имуноадсорбент есеј). Иако културата се смета за златен стандард во дијагностиката на стрептококното воспаление на грлото, а брзите тестови имаат висока специфичност, многу клиничари даваат антибиотска терапија доколку при преглед на пациентот се најдат три од четирите претходно кажани знаци или, пак, доколку пациентот има гноен ексудат, а дава податок за контакт со симптоматски пациент со дијагностицирано стрептококно воспаление на грлото.
Терапија на избор е пеницилин, односно еритромицин кај преосетливите пациенти, во тек на 10 денови. Голем проблем претставува постоењето на стрептококни видови резистентни на пеницилин, па клиничарите треба да ја знаат нивната локална зачестеност. Можат да бидат применети и други антибиотици, на пример цефалоспорините, но искуствата со нивната примена се помали. Неуспешната ерадикација на стрептококите го зголемува ризикот од постстрептококните компликации, вклучително ревматската болест на срцето. Други компликации на стрептококниот фарингит се неговото локално ширење со развивање на перитонзиларен или ретрофарингеален абсцес, синузит, воспаление на средното уво, менингит или бактериемија со настанување на сепса. Девијацијата на увулата укажува на постоење на перитонзиларен абсцес, состојба при која итно треба да се консултира оториноларинголог. Со исклучок на пациентите со системска инфекција и со перитонзиларен абсцес, сите преостанати пациенти се лекуваат амбулантски.
Други важни инфекции во пределот на главата и на вратот се денталните абсцеси. Лудвиговата (1дк1\У1§) ангина и епиглоситот. Денталните абсцеси најчесто ги откриваат самите пациенти поради локалнта болка што ја предизвикуваат. Од друга страна, тие можат да бидат окултен извор на инфекција, особено кај повозрасните и исцрпените пациенти. Силната болка на зафатениот заб уште повеке се засилува со лесен удар по него, а дијагнозата се потврдува со радиолошкиот наод (панорамски приказ). Билатералната инфекција на субмандибуларниот и сублингвалниот простор, наречена Лудвигова ангина, е животнозагрозувачка компликација на орална или дентална инфекција.
Таа започнува на дното од усната празнина како целулит кој брзо се шири кон вратот со формирање на абсцеси во зафатените ткива. Инфекцијата, исто така, може да се шири и кон длабоките фасцијални простори, на пример кон букалниот или паротидниот простор предизвикувајки оток и болка, потоа кон ретрофарингеалниот простор предизвикувајки диспнеа, дисфагија и вкочанетост на вратот, како и кон претрахеалниот простор (засипнатост и стридор) и кон задниот медијастинум. Во сите инфицирани подрачја постои ризик за тромбоза или руптура на крвните садови. Пациентите со инфекција на длабоките ткива се секогаш фебрилни и интоксицирани. Во овие случаи потребна е итна консултација со хирург, заштита на дишните патишта, вклучително ендотрахеална интубација) и примена на антибиотици. Инфекцијата најчесто е полимикробна, а најчесто изолирани патогени се бактериите од усната празнина, анаеробните бактерии и стрептококите.
Целулитот на епиглотисот и соседните структури, наречен епиглосит или супраглосит, се карактеризира со растечка зачестеност во адултната популација во последниве децении. Болеста почнува акутно со појава на треска, засипнатост и стридор. Најчест причинител на инфекцијата е Н. тј1иепгае од типот Б, но таа може да биде предизвикана и од другите типови Н. тјЈиепгае, како и од стрептококите и стафилококите. Епиглоситот е медицинска итност поради големиот ризик од нарушување на дишењето, па дури и при самиот преглед може да дојде до животнозагрозувачка опструкција на дишното стебло. Во случаите на епиглосит потребна е итна консултација со хирург.