СИДА и инфекции кај имунокомпромитиран домакин (пациент)
Основна карактеристика на имунокомпромитираните пациенти е нивната склоност кон инфекции. Инфекциите кај овие пациенти често се перзистентни, рецидивирачки и резистентни кон примената на стандардните антибиотици, а можат да бидат предизвикани од микроорганизми кои ретко предизвикуваат инфекција кај имунокомпетентните лица.
Основна карактеристика на имунокомпромитираните пациенти е нивната склоност кон инфекции. Инфекциите кај овие пациенти често се перзистентни, рецидивирачки и резистентни кон примената на стандардните антибиотици, а можат да бидат предизвикани од микроорганизми кои ретко предизвикуваат инфекција кај имунокомпетентните лица. Нарушувањето на имуниот систем може да се јави како последица од оштетување на епителната бариера, како на пример кај пациентите со изгореници или, уште почесто, кај интубираните пациенти кај кои не функционира одбранбената улога на горните дишни аптишта.
Посебна категорија на нарушувања на имуниот систем, наречена имуносупресија, се јавува како резултат од дефицит на имунолошкиот систем кој може да биде вроден или стекнат, широк (на пр. губење на целуларниот имунитет кај пациентите со СИДА) или специфичен (на пр. дефицит на ИгА). Имуносупресијата најчесто се јавува кај пациенти лекувани со имуносупресивни лекови (кортикостероиди или цитостатици) и кај пациентите со СИДА. Примената на имуносупресивните лекови во последниве децении е зголемена и поради зголемениот број на трансплантирани пациенти.
ПРИСТАП КОН ИМУНОКОМПРОМИТИРАН ПАЦИЕНТ
Можноста од нарушување на имуниот систем (имунокомпромитираност) постои кај сите пациенти со оштетување на епителната бариера од изгоереници, зрачење или ендотрахејална интубација, потоа кај пациентите што примаат имуносупресивна терапија, кај пациентите со дијагностицирана СИДА или кај високоризичната популација за СИДА, како и кај пациентите со тешки, рецидивирачки или ретки инфекции. Поради нарушената функција на леукоцитите или поради нивниот намален број (леукопенија) воспалението може да биде дискретно и, доколку нема гној, да не се забележи.
Микроорганизмите кои предизвикуваат инфекции кај имунокомпромитираните пациенти се истите кои предизвикуваат инфекции и кај имунокомпетентните лица. Од друга страна, кај имунокомпромитираните пациенти инфекција можат да предизвикаат и микроорганизмите кои нормално ги колонизираат кожата и слузниците. Составот на оваа флора може да биде променет кај пациентите кои се лекуваат во болница каде што доминираат Грам-негативните бактерии, како и со пролонгирана и повторувачка терапија со антибиотици. Кај имунокомпромитираните домакини постои голема склоност кон опортунистички инфекции. Овие инфекции се предизвикани од микроорганизми кои не се патогени за здравите лица, а кај имунокомпромитираните лица предизвикуваат инфекција поради нивните нарушени имунолошки механизми.
Причини за големиот пораст на имунокомпромитирани пациенти се:
1. Големиот број лица болни од СИДА.
2. Широката примена на имуносупресивни лекови (кортикостероиди, азатиоприн, циклофосфамид, циклоспорин, многу антимикотици и антиметаболити и др.).
3. Продолженото преживување на пациентите со тешки болести кои порано бргу завршувале фатално, на пр. пациентите со Хочкиновата (Нос1§кт) болест или другите малигни хемопатии, како и порастот на популацијата возрасни лица, дијабетичари и алкохоличари.
СТЕКНАТ ИМУНОДЕФДИЕНТЕН СИНДРОМ
Пред дваесетина години се објавени првите описи на фатална инфекција на белите дробови предизвикана од Рпеитосузт саппи, микроорганизам кој ретко предизвикува инфекција кај лугето. Кратко време по првите извештаи забележена е растечка преваленција на пациенти со имунодефициентен синдром наречен стекнат имунодефциентен синдром (англиската кратенка е АИДС, а француската СИДА) предизвикан од Т-лимфотропен ретровирус наречен хуман имунодефициентен вирус ХИВ (ћитап ншттоскћаепсу У1Ш5 Н1У). Првите случаи на болеста се регистрирани кај машките хомосексуалци, секс-работниците, интравенските наркозависници и хемофиличарите кои примале фактор VIII од крвните резерви. Со понатамошните истражувања констатирано е дека зачестеноста на болеста се разликува во одделните делови на САД, како и дека болеста е ендемска во повеке држави во Африка. Во период од околу две децении со интензивни експериментални и клинички истражувања откриени се некои патогенетски механизми на инфекцијата, апсолвирани се нејзините клинички манифестации и компликации, а постигнат е и значаен напредок во нејзината терапија и превенција.
Во САД, се бележи значаен пораст на хетероосексуалниот начин на ширење на инфекцијата. Се претпоставува дека околу 40% од жените инфицирани со ХИВ инфекцијата ја добиле со хетеросексуален контакт. И во другите делови од светот хетеросексуалните контакти се пат на трансмисија на ХИВ инфекција. На пример, ширењето на инфекцијата со хетеросексуални контакти во Тајланд ја наметнува потребата од интензивна едукација на општата популација за факторите на ризик за ХИВ инфекцијата. Најголем број случаи со СИДА има во Африка, а инциденцијата на болеста продолжува да расте во сите делови од светот, вклучително поранешните социјалистички земји од Источна Европа и Централна Азија. Кај различните популации се актуелни различни начини на однесување, поради што идентификацијата на факторите на ризик е императив за превенцијата на болеста.
Постојат два типа на ХИВ, ХИВ1 и ХИВ2, а двата типа можат да предизвикаат СИДА, при што типот 2 на вирусот (се сретнува примарно во Западна Африка) е помалку вирулентен. ХИВ може да се изолира од крвта, спутумот и спермата од пациентите со СИДА. Пренос на инфекцијата може да настане со трансфузија на крв и крвни продукти, игли за инјектирање и, секако, по сексуален пат, но се уште не е познат степенот на експозиција потребен за пренос на вирусот. Со откривањето на сензитивни тестови за идентификација на ХИВ или на антителата против ХИВ ризикот за пренос на вирусот со трансфузија на крв и крвни продукти е драматично намален. Фактори кои ја зголемуваат веројатноста за пренос на вирусот се анален сексуален контакт, висока виремија, сексуален контакт во тек на менструалниот циклус, придружни улцеративни и неулцеративни СПБ и повредена вагинална или цервикална слузница.
Имунологија
Клиничките манифестации на СИДА се резултат од: (1) инфекција на Т-хелпер лимфоцитите со ХИВ,
(2) инфекција на макрофагите/моноцитите со ХИВ, (3) појава на навообичаени малигноми, (4) инфекција на ЦНС со ХИВ и (5) опортунситички инфекции предизвикани од прогресивното нарушување на имуниот систем. Кај пациентите со СИДА се развива тешко нарушување на целуларниот имунитет.
Евалуацијата на целуларниот имунитет на човекот се состои од одредување на функционалниот интегритет на Т-лимфоцитите. Се разликуваат две суппопулации на Т-лимфоцити кои имаат различни улоги во имуниот одговор, а се диференцираат според маркерите од нивната клеточна мембрана. Т-хелперните или Т-помошните лимфоцити го имаат СБ4 (Т4) молекулот, додека втората суппопулација, односно Т-цитотоксичните лимфоцити на својата површина го носат СБ8 (Т8) молекулот. ХИВ ги напага СБ4 лимфоцитите бидејки СВ4 молекулот е рецептор на вирусот. Како резултат на инфекцијата со ХИВ прогресивно се намалува бројот на СБ4 лимфоцити.
Иако со Гп уИго истражувања е докажано дека ХИВ може да ги уништи СВ4 лимфоцитите, се уште не е потполно јасна причината за толку изразената деплеција на СБ4 лимфоцити кај лицата инфицирани со ХИВ. Причини за тоа можат да бидат: акумулација на вирусната ДНК, фузија на инфицирани и неинфицирани СБ4 лимфоцити (синцицијална формација), вирус-специфичен или автономен одговор, ХИВ-посредувана апоптоза на инфицираните клетки, нарушување на хематопоезата поради нарушувања на микросредината на тимусот и/или директна инфекција на матичните клетки. Најпрецизни индикатори за нарушениот имун систем кај лицата инфицирани со ХИВ е вкупниот број на СБ4 лимфоцити и односот помегу СБ4 и СБ8 лимфоцитите. Кај здравите лица овој однос изнесува 1,5 до 2 спрема 1,0. Значајното намалување на овој однос, како и намалувањето на апсолутниот број на СБ4 лимфоцити на 400-500 клетки/тт3 крв е најдобар показател на имунолошкиот дефицит на пациентот.
Вирусот покажува различен тропизам кон Т-лимфоцитите и макрофагите, а на оваа варијабилност веројатно се должи неговиот различен ефект врз макрофагите/моноцитите, Б-лимфоцитите и дендритичните клетки. На репликацијата на ХИВ во организмот влијаат повеке цитокини и други растворливи фактори, какви што се: СС -хемокините, стомалниот клеточен фактор-1а (51гота1 се11-с1епуес1 Гас1ог-1 а
– 5БР-1 а), ИЛ-10 и трансформирачкиот фактор на раст (1гап8&гтт§ §го\у1:ћ Гас1:ог ТСР). Проинфламаторните цитокини, какви што се тумор-некротизирачкиот фактор а (1итог песгоз1з Гас1:ог Т№ а), ИЛ1|3 и ИЛ-6 ја стимулираат репликацијата на вирусот.
ХИВ-1 е РНК вирус што се врзува за СБ4 молекулот од површината на Т-хелперите преку неговиот §р120 гликопротеин. Со помош на вирус-енкодираната транскриптаза и протеините на вирусот и на инфицираната клетка, ХИВ се интегрира во геномот на инфицираната клетка. Репликацијата на вирусот се состои во репродукција на вирусните протеини во форма на полипротеини кои разградени од вирусни-
те протеинази претставуваат нови вирусни пупки во инфицираната клетка.
Инфекцијата на организмот со ХИВ се докажува со регистрирање на хуморалниот и целуларниот одговор на организмот кон присутниот вирус. Веднаш по иницијалната виремија, се создаваат антитела против вирусните структурни протеини (р24 и р1 7) и прекурсори (р55). Потоа се појавуваат антителата против вирусните а-протеини (§р160, §р120, §р88 и §р41). Ензимски-поврзаниот имуносорбент есејот (епхуте-ћпкес! 1тгттозогћеп1: аззау ЕПбА) се применува за детекција на анти-ХИВ антителата. Тој е високо сензитивен, но не е многу специфичен, па затоа во популациите со низок ризик може да има голем број лажно позитивни резултати. Тестот за потврдување на наодот од ЕП5А, односно АА/ез1:егп ћ1о1 тестот е многу поспецифичен бидејки со него можат да се откријат антителата против протеините со одредена молекулска тежина. Како тестови за потврдување на дијагнозата многу поретко се користат техниката на РСК, есејот на каптирање на р24 антигенот и култивирањето на вирусот. Денес можат да се одредат и вредностите на РНК на ХИВ1 во плазма што е многу важно за проценка на одговорот на применетата анти-ретровирусна терапија. Тестовите не треба да се прават доколку за тоа не постои писмена согласност од испитаникот бидејки ХИВ инфекцијата се уште има негативен социјален предзнак.
Клинички манифестации
Природниот тек на ХИВ инфекцијата може да се подели во три фази: фаза на акутна инфекција, латентен период и фаза на клиничко влошување на болеста. Во последнава деценија се направени повеке класификации за да се опише клиничкиот стадиум на болеста, но тие денес се надминати со подоброто познавање на прогресијата на болеста.
Примарната инфекција се манифестира со клинички синдром што се јавува две до шест недели по инфицирањето, а се состои од треска, лимфаденопатија, фарингит, орофарингеални улцери, општа слабост и гастроинтестинални тегоби, а можна е појавата и на лесни симптоми од страна на ЦНС. Кај најголем број од инфицираните специфичните антитела можат да се откријат два месеца по инфицирањето, а р24 антигенот може да се детектира и порано.
По акутниот стадиум најголем број од инфицираните влегуваат во период без симптоми. Траењето на перидот на клиничка латентност е различно, односно се движи од неколку месеци до неколку децении. И покрај тоа што пациентот нема никакви симптоми, репликацијата на вирусот продолжува и се зголемува бројот на инфицирани и уништени Т-хелпери. Точниот механизам на деструкција на Т-хелперите е непознат. Во овој период кај мал број од пациентите може да се појават лесни општи симптоми (замор, лесна загуба на телесната тежина) или, пак, знаци на деменција предизвикана од ХИВ инфекцијата.
Кога бројот на т-хелперите ке падне под извесен праг, а за најголем број од пациентите тој праг изнесува 200 клетки/ тт3), значајно се зголемува ризикот за појава на опортунистички инфекции. Со тоа започнува периодот на влошување на болеста, односно на клинички манифестната СИДА. Центарот за контрола и превенција на болестите има прецизна дефиниција за клинички манифестната СИДА базирана врз појавата на специфични опортунистички инфекции, зачестеноста на инфекции со патогени кои начелно не се сметаат за опортунистички, одредени малигноми, како и врз бројот на СБ4+ лимфоцити. Дефиницијата е донесена за истражувачки цели, но таа, исто така, служи како корисен каталог на потенцијалните секвели од ХИВ инфекцијата.
Опортунистички инфекции
Инциденцијата и природата на опортунистичките инфекции е одраз на имунолошката состојба на пациентот. Високо активната анти-ретровирусна терапија (ћ!§ћ1у асИуе апПге1гоУ1га1 Љегару НААКТ) може значајно да го промени имуниот одговор, односно значајно да ја намали инциденцијата на опортунистичките инфекции.
Инфекциите со опортунистички микроорганизми се дел од дефиницијата на клинички манифестната СИДА, а овие инфекции се и директна причина за смрт на голем број пациенти во овој стадиум. Најголем ризик за појава на опортунистичките инфекции имаат пациентите кај кои бројот на СБ4+ лимфоцитите е помал од 200 клетки/ тт3, но тие можат да се појават и кај пациентите кај кои бројот на СР4+ лимфоцитите е поголем од 200 клетки/тт3. Во исто време можат да се јават неколку опортунистички инфекции, а нивни најчести причинители се Р. саппи, СМУ, микобактериите, А$рег$Шш, СапсШа, Ш$1:ор1а$та сар$иШит и Сгур1ососси$. Исто така, пациентите имаат висок ризик од појава на бактериски инфекции на белите дробови. Пред воведувањето на НААКТ одговорот на терапијата на опортунистичките инфекции бил бавен и разочарувачки. Кај пациентите кои одбиваат, не се кандидати за НААКТ или пак терапијата не била ефикасна, потребна е доживотна профилакса или терапија на најчестите опортунистички инфекции. Од друга страна, и со ефикасната НААКТ се препорачува профилактичка примена на антибиотици.
Р. сагти е патоген кој заслужува особено внимание бидејки кај над 80% од пациентите со СИДА се јавува пневмонија предизвикана од овој патоген. Почетокот на пневмонијата е постепен со треска, прогресивна диспнеа, слабост, атипична градна болка и непродуктивна кашлица. Радиолошкиот наод се состои од дифузни билатерални инфилтрати во белодробниот интерстициум. Дијагнозата се потврдува со наод на микроорганизмот во спутум, БАЛ или во примерок земен со биопсија. На препарат боен по Гимза (С1етба) Р сагти се гледа како округла циста со тенок бид. Исто така, дијагнозата се потврдува и со наод на флуоресцентни антитела против. Р Сагти.
Пневмонијата се лекува со интравенска примена на триметоприм/сулфаметоксазол или пентамидин, но третманот често е неефикасен, а и рецидивите се, исто така, чести. Алтернативни модалитети се триметоприм/дапсон, клиндамицин/леуковорин, триметрексат/леуковорин, атоваквон и ефлорнитин. Додавањето на кортикостероиди на почеток од лекувањето (во првите 72 часови) ја намалува зачестеноста на респираторната инсуфициенција, како и стапката на смртност. Индикација за примена на кортикостероиди е вредност на Ра02пониска од 70 тт Н§, а се препорачува примена на антибиотици и кортикостероиди во траење на 21 ден. Состојбата на некои пациенти нагло се влошува во првите денови од терапијата, а подобрување се очекува по една недела од нејзиното започнување. Доколку не дојде до подобрување на состојбата, најверојатно се работи за неефикасност на применетите антибиотици или за инфекција предизвикана од друг патоген.
Во тој случај потребно е да се промени терапијата и/или да с еповторат микробиолошките испитувања. Кај пациентите со прележана пневмонија предизвикана од Р Сагти, како и кај пациентите без докажана инфекција, но со изразена леукопенија треба да се примени профилакса со триметоприм/сулфаметиксазол, пентамидин или дапсон. Треба да се има предвид дека Р сагти може да инфицира и други органи во човечкиот организам.
Секвели на нервниот систем од ХИВ инфекцијата
ЦНС е зафатен кај најголем број од апциентите со ХИВ инфекција, а зафакањето може да се должи на
примарна инфекција на ЦНС со ХИВ или, пак, на зафакање на ЦНС од страна на опортунистичките инфекции или малигномите.
Примарната инфекција на ЦНС со ХИВ скоро секогаш се манифестира како прогресивнз деменција, а претставува најчестото оштетување на мозокот при ХИВ инфекцијата. Менингитот кај пациентите со СИДА обично е предизвикан од Сгур1ососсиз. Кај овие пациенти можна е појавата на дисеминирана криптококоза која зафака повеке органи и системи и слабо одговара на применетата терапија. Енцефалитот најчесто е предизвикан од ЦМВ. Инфекцијата на ЦНС со паразитот Тохор1азта §опсШ се манифестира со фокални невролошки дефицити, а за нејзината дефинитивна дијагноза често е потребна биопсија. Тохор1а$та §опсШ доведува до мултипни билатерални промени во мозокот кои можат да бидат визуелизирани со НМР. Друга опортунистичка инфекција карактеристична за овој стадиум на болеста е мултифокалната леукоенцефалопатија која може да биде предизвикана од хуманиот лимфотропен вирус тип 1, како и од МусоВас1епит шВегси1озГ$ и од сифилис.
Тастроинтестинати оштетувања при ХИВ инфекцијата
Кај пациентите со СИДА можат да се појават повеке гастроинтестинални синдроми предизвикани од протозои (криптоспоридиоза, 1$о$рога ШН, микроспоридиа, Сус1о$рога), МусоВас^епит аутт ШгасеИиГаге (ги вклучува МусоВасГепит аутт, МусоВасГепит ШгасеИтаге и некои се уште некласифицирани видови), ЦМВ, како и од малигни процеси од типот на Капошиев (Кароз1) сарком или лимфом. Цревните инфекции, предизвикани од СгагсИа, ЕпШтоеВа, 8Ш$е11а, 8а1топе11а и Сатру1оВас1ег, се чести, како и нивните рецидиви.
Други инфекции
Кај некои пациенти со СИДА може да се појави треска со нокни потења и слабеење без наод на фокално жариште на инфекција. Овој синдром обично е предизвикан од група атипични микобактерии наречени МусоВас1епит аутт Мгасе11и1аге сотр1ех (МАС). Во лабораторискиот наод често се сретнува панцитопенија и зголемени вредности на црнодробните ензими. Дијагнозата се темели врз наодот од хемокултурите или од културите од коскената срж, но атипичните микобактерии можат да се изолираат и од друти органи.
Пациентите со СИДА можат да бидат инфицирани и со М. 1иВегси1о$Г$. Уште повеке, пациентите кои се серопозитивни за ХИВ имаат повисок ризик за реактивирање на стара или добивање нова инфекција со М. 1ићегси1о$Г$. Кај овие пациенти третманот на туберкулозата треба да биде продолжен (види Поглавје 55). Инфекциите со М. 1иВегси1о$Г$ резистентен на повеке антитуберкулозни лекови се опишани кај многу пациенти со ХИВ инфекција и имаат големо епидемиолошко значење. Со усовршување на техниките на култивирање, идентификација и проценка на осетливоста кон антибиотици на микобактериите, третманот на инфекциите со микобактерии кај пациентите со СИДА е значајно подобрен.
Пациентите со СИДА имаат висок ризик за реактивирање на инфекциите предизвикани од херпес вирусите (херпес симплекс вирус, ЦМВ, Епштајн-Баровиот вирус и вирусот на варичела/зостер). ЦМВ се важни патогени за белите дробови, гастроинтестиналниот тракт и ЦНС. Ретинитот предизвикан од ЦМВ може да го загрози видот на пациентот, а, исто така, може да се јави симултано со инфекција на белите дробови предизвикана од Р. сагти. За инфекциите предизвикани од ЦМВ се препорачува третман со ганцикловир или фоскарнет. Залекување на инфекциите предизвикани од вирусите на херпес симплекс и варичела зостер се препорачува примена на ацикловир, а кон овој антивирусен лек се забележува растечка зачестеност на резистентни видови.
Кај некои супопулации на пациенти со СИДА постои значајна зачестеност на СПБ. Според актуелните препораки, сите ХИВ позитивни лица треба да се скринираат за СПБ, вклучително за хепатит Б, хепатит Ц, сифилис, гонореја, како и за хуманиот папилома вирус (види Поглавје 58).
Малигноми кај пациентите со СИДА
Пред појавата на СИДА, Капошиевиот сарком бил редок васкуларен тумор што се јавувал во супкутаното ткиво во комбинација со инфекција со еден херпес вирус (ННУ-8). Кај пациентите со СИДА Капошиевиот сарком е честа болест со агресивен тек која често се шири на висцералните органи (гастроинтестинален тракт, лимфни јазли и бели дробови). Белодробните промени се јавуваат во двете белодробни крила и се придружени со плеврален излив.
Интересен е податокот дека Капошиевиот сарком се сретнува најчесто кај хомосексуалните мажи со СИДА, а со намалување на зачестеноста на болеста кај оваа суппопулација, се намалува и зачестеноста на Капошиевиот сарком. Според новите истражувања во ткивото на саркомот е откриен нов херпес вирус за кој се смета дека има каузална улога во настанувањето на неоплазмата. Терапијата со рекомбинантен интерферон покажува добри резултати кај Капошиевиот сарком, а кај некои пациенти добри резултати се добиваат со комбинираната примена на антивирусни лекови и цитостатици.
Како и кај другите синдроми на имунодефицит на Т лимфоцитите и кај пациентите со СИДА постои голема зачестеност на лимфоми. Најголем број од нив се со висок степен на малигнитет, како на пример имунобластичниот лимфом, Буркитовиот (ВигкШ) лимфом и примарните лимфоми на ЦНС. Лимфоми се јавуваат кај околу 3% од пациентите со СИДА со апсолутен број на СБ4 + лимфоцити понизок од 200/тт3. Голем број од нив се позитивни на ДНК на Епштајн-Баровиот вирус. Лимфомите се често дифузни, а најчесто зафатени органи се гастроинтестиналниот тракт, коскената срж, белите дробови и црниот дроб. За сите лимфоми кај пациентите со СИДА е карактеристично проширувањето на менингите, испитувањата на цереброспиналната течност се важен елемент од дијагностичката постапка. Иако прогнозата е лоша, сите пациенти со СИДА кај кои се појавил лимфом (или Капошиев сарком) треба да се лечат во консултација со онколог.
Пациентите инфицирани со ХИВ имаат склоност кон настанување на цервикални и анални карциноми, па прегледот на овие органи треба да биде дел од рутинската дијагностичка постапка.
Прогноза и терапија
Според резултатите од актуелните истражувања пациентите со СИДА не претставуваат значаен здравствен ризик за здравствениот персонал кој доага во контакт со нив. За точно се смета и обратното
– нема податоци дека кај пациентите кои ги лекува Хив позитивен здравствен работник постои висок ризик за пренос на инфекцијата. Секако, треба да се постапува внимателно со сите примероци од материјалот за испитување бидејки во тие случаи, освен на ХИВ, постои експозиција и на други инфективни агенси (на пр. на вирусите на хепатит). Според епидемиолшките податоци, случаите на пренос на болеста во домашни услови, без сексуален или крвен контакт, се исклучително ретки.
Воведувањето на терапискиот модалитет НААКТ доведе до драматична промена во терапискиот пристап кон пациентите со СИДА. Иако примената на анти-ретровирусната терапија претставува сериозен предизвик за пациентите, со неа е докажано дека маршот од ХИВ инфекција до фатална СИДА може да биде прекинат и дека имунокомпетентноста кај овие пациенти може да биде повратена. Кај многу пациенти примената на НААКТ го намалува ризикот од опортунистички инфекции, па се препорачува профилактичка примена на антибиотици. Исто така, резултатите од истржувањата укажуваат дека примената на НААКТ ја намалува стапката на хоризонтална и вертикална трансмисија на инфекцијата.
Се разбира дека овие предности имаат своја цена. Пациентите лекувани со НААКТ модалитетите мораат да ги примаат лековите по комплексен режим, а лековите, од друга страна, имаат сериозни несакани ефекти. Најчести несакани ефекти се гастроинтестиналните тешкотии и изразената редистрибуција на масното ткиво (липодистрофија). Резултатите од истражувањата укажуваат дека непридржувањето кон протоколот на лекување поради прескокнување на дозите или правење неколкудневни паузи доведува до зголемување на титарот на вирусите, како и до појава на резистентни видови. Поради ова, потребно е вниматело следење на пациентот кое вклучува и одредување на вирусниот титар. Од друга страна, поради високата цена овој модалитет не е погоден за земјите во развој.
Инаку, НААКТ се состои од лекови кои по механизмот на дејство се нуклеозидни аналози кои ја инхибираат вирусната траскриптаза (зидовудин, ламивудин, залцитабин, ставудин, диданозин и абакавир), инхибитори на транскриптазата што не се нуклеозидни аналози (невирапин, делавирдин и ефавиренц), како и протеазни инхибитори (саквинавир, ритонавир, индинавир, нелфинавир и ампренавир). Намалувањето на зачестеноста на опортунистички инфекции, како и продолжувањето на животот кај пациентите со СИДА првпат е забележено при употребата на зидовудинот или азидотимидинот, особено кога бил применет во раната фаза од клинички манифестната СИДА. Во терапискиот модалитет на НААКТ при комбинирањето на лековите треба да се земат предвид нивните синергистични антивирусни ефекти, токсичните ефекти, подносливоста и применливоста на третманот и др. Пациентите треба да ги лекува специјалист за СИДА кој ги одредува оптималните антивирални дози на лековите, ја проценува потребата од профилактична антимикробна терапија и го следи ефектот на терапијата со мерење на вредностите на Н1У-1 1ША во плазма, како и со проценување на клиничката состојба на пациентот и евентуалната појава на несакани ефекти. Со третман на бремените жени во текот и по бременоста се намалува зачестеноста на вертикалната трансмисија на ХИВ инфекцијата. Сите пациенти треба да бидат вакцинирани против грип и инфекции со пневмококи, а пациентите со цитопенија треба да ги примаат соодветните хематопоетски фактори на раст.
Истражувањата на анти-ретровирусната терапија продолжуваат, а особено се насочени кон агенсите кои ја инхибираат адхезивноста и фузијата на вирусите, како и кон тие што ја инхибираат вирусната матурација. И покрај примената на агресивната НААКТ терапија, не е постигната постојана ерадикација на ХИВ ја потенцира потребата од вакцина. Продолжувањето на животот на некои пациенти за 10 до 15 години укажува дека заштитен имунитет за болеста е можен, но, од друга страна, генотипските варијации и високата стапка на мутации го отежнува добивањето на вакцина што сигурно ке доведе до драматично намалување на инциденцијата на ХИВ инфекцијата.
Едукацијата на болните е многу важен елемент во третманот на СИДА, како и за превенцијата на пренос на болеста. Пациентите треба да бидат едуцирани за практицирање на безбеден секс, а особено внимание треба да се посвети на важноста на примената на кондом за спречување на ширењето на инфекцијата, потоа за потребата од известување за претходните контакти и за идентификација на бремените жени итн. Со мултидисциплинарен пристап, во кој покрај здравствени работници се вклучени социјални работници, психолози и диететичари, се продолжува животот на болните, а се подобрува и неговиот квалитет.