Инфекции на кожата и меко ткиво
Воспаленијата на кожата и на поткожното ткиво се чести, а обично се предизвикани од Streptococcus или Stafilococus. Локалните трауми, на пр. убодна рана, ја предиспонираат појавата на овие инфекции.
Се уште не постои конзистентна номенклатура на инфекциите на кожата и на поткожното ткиво.
Воспаленијата на кожата и на поткожното ткиво се чести, а обично се предизвикани од Streptococcus или Stafilococus. Локалните трауми, на пр. убодна рана, ја предиспонираат појавата на овие инфекции.
Се уште не постои конзистентна номенклатура на инфекциите на кожата и на поткожното ткиво. Ефикасниот третман на овие инфекции зависи од видот на зафатеното ткиво што со голема веројатност, пак, укажува на специфичниот патоген.
Инфекциите на кожата и мекото ткиво можат шематски да се класифицираат во три категории кои често се преклопуваат: (1) инфекции со гангренозни карактеристики, (2) секундарни бактериски инфекции како компликација на други болести или повреди (на пр. изгореници, рани, дијабетес и др.) и (3) инфекции кај имунокомпромитираните пациенти. Ефикасноста на терапијата зависи од времето за кое е поставена дијагнозата и започнато со антибиотската терапија. При тешките инфекции на мекото ткиво неопходна е консултација со хирург, а по потреба и хируршка интервенција.
Еризипел
Еризипелот е површен целулит често придружен со линфаденит. Најчест причинител на еризипелот се стрептококите од групата А, многу поретко инфекцијата е предизвикана од стрептококите од групите Б, Ц или Е
На локалните промени на кожата претходат изразени системски симптоми (висока температура, болки во мускулите, главоболка, гадење и др.). Кожните промени обично се јавуваат неколку часови по појавата на системските симптоми, а откако ке се појават, тие брзо се шират. Кожата е црвена, отечена, болна, а од околната здрава кожа обично е ограничена со јасна линија на демаркација со подигнат раб кој може да се палпира. Од материјалот добиен со аспирација на подигнатиот раб бактериите најчесто не можат да се идентификуваат. Во крвната слика се наога леукоцитоза, хемокутурите можат да бидат позитивни, а титарот на антистрптолизин О најчесто се зголемува во наредните една до две недели. Еризипелот одлично одговара на примената на пеницилин, а доколку не дојде до подобрување на состојбата за неколку денови најверојатно се работи за инфекција со резистентен вид бактерии.
Инфекции со гангренозни карактеристики
Акутниот целулит нема така драматична клиничка слика како еризипелот, туку обично се манифестира со локален дискомфор, црвенило, оток и болна осетливост. Промената не се шири брзо во околната кожа, нема јасна демаркациона линија од околната здрава кожа, но, сепак, во некои случаи целулитот тешко се диференцира од еризипел.
За разлика од еризипелот, целулитот ги зафака кожата и поткожното ткиво. Најчест причинител се стафилококите од групата А, но болеста може да биде предизвикана и од други бактерии. Од голема важност во дијагностиката се податоците за локална траума, експозиција на одредни супстанции или за придружни болести.
Во групата на целулит со гангренозни карактеристики спагаат животнозагрозувачките инфекции кои брзо прогредираат, а пациентите обично се жалат на болка која не е во корелација со физикалниот наод, особено во раната фаза на инфекцијата. Најмаркантна промена на кожата е некрозата, која обично се опишува како темна или модра промена на кожата на која ако се задоцни со терапијата се појавуваат улцери или були. Во оваа група инфекции спагаат: (1) постоперативните инфекции предизвикани од стрептококи, обично од групата А, или од комбинација на микроаерофилни стрептококи и стафилококи, (2) полимикробните инфекции кај дијабетичарите, вклучително и Гангрената на Фурние (Боигшег), (3) инфекциите предизвикани од клостридии, (4) некротизирачките процеси кај имунокомпромитираните пациенти предизвикани од Р$еиЛотопа$ или мукормикозата и (5) некротизирачките инфекции кои зафакаат и друти ткива, на пр. некротизирачкиот фасциит. Деталниот приказ на секој ентитет не е цел на ова поглавје, но основните елементи на нивната дијагностика и третман се дадени со обработувањето на некротизирачкиот фасциит.
Компликации
Локалното ширење на инфекцијата во околните ткива е најважната компликација која мора да се избегне. Во тој поглед особено е опасна инфекцијата на лицето поради опасноста од нејзино проширување на очите, менингите или кавернозниот синус, па затоа за лекување на оваа инфекција се препорачува парентерална примена на антибиотици. Инаку, појавата на сепса чиј извор е целулитот е ретка. Зголемен ризик за септични компликации на целулитот имаат дијабетичарите. Пациентите со инфекција на лицето, како и исцрпените пациенти со тешки придружни болести треба да се хоспитализираат. Инфекцијата кај ризичните пациенти (на пр. пациенти со вештачки залисток, ревматска болест на срцето, дијабетес и др.) треба да се лекува брзо и агресивно.
Некротизирачки фасциит
Тешката инфекција на длабоките ткива е првпат опишана во 1890 год. како болест при која за преживување на пациентите неопходна е ексцизија на зафатеното ткиво. И покрај големиот број потентни антибиотици достапни денес, преживувањето на пациентите со некротички фасциит зависи од брзината со која е поставена дијагнозата и со која е ексцидирано инфицираното ткиво.
Некротизирачкиот фасциит е инфекција на длабоките ткива која бргу се шири долж фасциите, како и преку венскиот и лимфниот систем. Некроза се јавува поради тромбоза во малите крвни садови. Примената само на антибиотици не е ефикасна бидејки тие не продираат во девитализираното ткиво. Болеста типично започнува како мала зона зафатена со целулит на чија површина се јавуваат карактеристични хеморагични були. Пациентите често се фебрилни, а се жалат на болка чиј интензитет не е во корелација со физикалниот наод. И со навремено започнување со примена на антибиотици состојбата на пациентите може бргу да се влоши со развој на сепса и мултиорганско нарушување.
Поставувањето на дијагнозата не е лесно, а дефинитивен начин за тоа е хируршка експлорација на зафатеното подрачје со биопсија на длабоките фасции и мускули. И покрај тоа што не е вообичаено, земениот биоптички материјал може да содржи нормално ткиво. Изведувањето на НМР не треба да ја одложи хируршката експлорација.
Клиничките манифестации можат да се класифицираат во четири форми: (1) дијабетичар со фулминантна, а често и фатална инфекција на перинеумот (гангрена на Фурние), (2) пациент со скорешен хируршки зафат или траума, при која често, но не секогаш е зафатен абдоминалниот бид или цревото, (3) пациент со мала непенетрантна повреда на која веројатно се надоврзува бактериемија предизвикана од 81:гер1;ососси5 руо^епез и (4) интравенски наркозависник.
Делумно поради порастот на бројот на интравенските наркозависници во минатите децении е регистриран значаен пораст на зачестеноста на некротизирачкиот фасциит. Иако порано била нарекувана стрептококна гангрена, таа може да биде предизвикана од голем број микроорганизми, а чести се и полимикробните инфекции. Брзата ткивна деструкција се должи на токсичното дејство на пиогениот ендотоксин кој го создаваат некои стрептококни видови од групата А. Гангрената на Фурние е полимикробна инфекција во која се вклучени и анаеробни бактерии. Создавањето на гас во ткивото може да се должи на клостридијална инфекција, но може да се јави и при инфекција со други бактерии. По поставување на дијагнозата неопходна е итна консултација со хирург.
Секундарни бактериски инфекции како компликација на други болести, повреди и експозиции
Инфекциите на кожата и мекото ткиво можат да се јават како компликација на повеке болести и повреди, како и на изложеност на специфични супстанции. Кај пациентите со рана од каснување и контакт со микроорганизмите од усната празнина, особено од човечката, постои многу висок ризик за настанување на инфекција на кожата и меките ткива. Каснувањето од мачка може да доведе до инфекција со Ра51еиге11а тићосМа, а по каснувањето од куче често се развива локална инфекција предизвикана од дисгономичните разградувачи (ферментери). Анамнезата за ваков тип повреда за повекето клиничари е индикација за емпириска примена на антибиотици, понекогаш парентерални, а во некои случаи повредата треба хируршки да се обработи (дебридман). Како компликација по давење во вода може да се јави инфекција предизвикана од бројни бактерии (.Аеготопа$ НуЉгоркИа, РзеиЉтопаз аеги$то$а, МусоВас1епа таппит, ЕгувГреШкпх гкизгораШае и УЊпо) во зависност од видот на експозицијата. Доколку бактеријата не може да се идентификува, се препорачува емпириска терапија со пеницилиназа-резицтентен пеницилин
Улцерациите на кожата и тешките инфекции на меките ткива кај дијабетичарите често имаат полимикробна етиологија. Хоспитализираните пациенти со изгореници се склони кон развивање на инфекции предизвикани од различни бактерии, особено од РзеиАотопав.
Инфекции кај имунокомпромитираните пациенти
Опортуните патогени, какви што се вирусите на варичела и херпес симплекс, РзеиЉотопаз и фунгите се чести предизвикувачи на инфекции на кожата и меките ткива кај имунокомпромитираните пациенти. Варичелата може да се манифестира атипично без дифузен кожен исип, туку само со една голема некротична промена на кожата. Посебен проблем кај овие пациенти се инфекциите со Грам-негативните бактерии, на пр. со РзеиЛотопаз, кои можат да предизвикаат гангренозен целулит и инфекции на кожата (везикули, були или безболни улкуси на подлога со индурација и еритем наречени есГкута §ап§гепозит). Појавата на мали, розови папули поврзана со бактериемија или кандидиемија често се превидува. Голем број фунги, вклучително А$рег§Ши$ и мукор, можат да предизвикаат инфекција на кожата и на меките ткива кај имунокомпромитираните пациенти.
ЖИВОТНО ЗАГРОЗУВАЧКИ ИНФЕКЦИИ
Во групата на сериозни инфекции спага остеомиелитот предизвикан од микобактерии, на пр. од М. Шкегси1о$Гз, кој најчесто се сретнува кај емигрантите. Кај овие пациенти често нема податок за туберкулоза, а, исто така, често не се откриваат промени во белите дробови. При лекувањето предвид мора да биде земена можноста од инфекција со резистентни видови.
Зголемена зачестеност е регистрирана за тешките инфекции, кои понекогаш се јавуваат во исто време кај помала група луге, предизвикани од т.н. бактериимесојади. Со овој термин се означени повеке бргу
прогредирачки инфекции на кожата и меките ткива кои можат да доведат до ампутација, сепса и фатален крај. Предизвикувачи на овие инфекции (најчесто се работи за некротизирачки фасциит) се стрептококите од групата А со или без придружна стафилококна инфекција, а тие можат да бидат и полимикробни. Кај повеке пациенти не постојат фактори на ризик за настанување на овие инфекции, освен мала траума, хируршки зафат или интравенска примена на дрога. Ризикот за фатален крај е зголемен поради резистенцијата кон антибиотици на специфичните патогени.