Анален карцином
Карциномот на анусот е лоциран во мукозата на аналниот канал или надворешната кожа. Карциномот на аналната кожа се степенува, третира и има клинички тек сличен на останатите кожни карциноми. Карциномот на аналниот канал најчесто е сквамозен или со базалоиден (клоако-ген) клеточен тип.
Карциномот на анусот е лоциран во мукозата на аналниот канал или надворешната кожа. Карциномот на аналната кожа се степенува, третира и има клинички тек сличен на останатите кожни карциноми. Карциномот на аналниот канал најчесто е сквамозен или со базалоиден (клоако-ген) клеточен тип. Тој е редок во САД, но често се срекава кај мажите хомосексуалци. Ризик факторите вклучуваат инфекција со херпес симплекс вирус, инфекција со хуман папилома вирус, кондиломи, серопозитивност за хуман имунодефицитен вирус и имуносупресија. Степенувањето се базира на големината и локацијата на туморот. Прогнозата е добра за тие со стадиум I или II на анален карцином. Најчесто, степенувањето се постигнува клинички бидејки успешниот третман може да се постигне без хируршка интервенција кај многу пациенти.
Хирургијата е куративна за најголемиот број на карциноми во ран стадиум. Малите тумори во стадиум I често можат да бидат отстранети без компромитирање на сфинктерот. Комбинираната хемотерапија и зрачната терапија се ефективен третман кога хируршката интервенција бара губење на сфинктерската функција или абдоминоперитонеална ресекција. Радиотерапијата и конкомитантната хемотерапија (т.е., флуороурацил и митомицин-С или цисплатин и флуороурацил) е ефективна кај 70% од случаите. Околу 4 до 6 недели по зрачењето и хемотерапијата, треба да се направи биопсија за процена на туморскиот одговор; секој пациент со резидуа на анален карцином по хемотерапија и зрачење треба да се подлегне на хируршка интервенција.