Трансфузии на тромбоцити
Трансфузиите на тромбоцитите може да бидат ефикасни во спречувањето на крвавењето кај тромбоцитопеничните пациенти кај кои основното нарушување е несоодветната продукција на тромбоцитите.
Трансфузиите на тромбоцитите може да бидат ефикасни во спречувањето на крвавењето кај тромбоцитопеничните пациенти кај кои основното нарушување е несоодветната продукција на тромбоцитите. При секоја трансфундирана единица, тромбоцитите на примателот треба да се зголемат за 5000 до 10,000 тромбоцити/и,1,. Доколку не постои извор на деструкција на тромбоцитите, примените тромбоцити циркулираат во прогресивно се помал број во текот на една недела.
Трансфузиите на тромбоцитите обично се наменети само за неколку групи на пациенти. Кај пациентите со аплазија на коскената срцевина или со инсуфициенција на коскената срцевина поради некоја инфилтративна болест треба да се мониторира бројот на тромбоцитите и трансфузиите се препорачуваат кога бројот на тромбоцитите се намали под 10,000 тромбоцитиДдХ, а тоа значи дека ризикот за крвавење значително се зголемува. Пациентите со тромбоцитопенија кои имаат значително крвавење треба исто така да примат трансфузија на тромбоцити. Рутинската употреба на трансфузии на тромбоцити кај пациентите со имунолошка тромбоцитопенична пурпура (1ТР) не е индицирана поради тоа што тековната деструкција на тромбоцитите значи дека бројот на тромобоцитите ке престане да се зголемува по трансфузијата. Кај случаите со 1ТР трансфузиите на тромбоцитите треба да бидат резервирани за итните ситуации, како што се активното крвавење или потребата од итна хируршка интервенција и тромбоцитите треба да се дадат со висока доза на гама-глобулин којшто го продолжува нивното преживување. Трансфузиите на тромбоцитите не треба да се применуваат кај пациентите со тромботична тромбоцитопенична пурпура (ТТР) поради тоа што може да го влошат овој процес кој е животозагрозувачки.
По примањето на трансфузии од тромбоцити од случајни донатори во текот на 4 до 8 недели, трансфундираните тромбоцити ке имаат намалено преживување поради алоимунизацијата на НГА антигените кои ги носат донаторските тромбоцити. Знаците на алоимунизацијата вклучуваат значително намалување на врвниот тромбоцитен одговор, како и намалување на животниот век на трансфундираните тромбоцити. Зачестеноста на алоимунизациите може да се намали со употреба на АВО-компатибилни тромбоцити и со употреба на леукоцитни филтри кои ги отстрануваат контаминираните леукоцити од тромбоцитните единици. Употребата на Н1.Аспарени донатори може да се проба кај пациентите кои стануваат рефракторни на случајно донираните тромбоцити.