Кронова болест
КБ најчесто се јавува кај младите адулти, а неговата инциденција во последниве децении бележи пораст. Кај оваа болест постои бимодална дистрибуција по возраст, односно по првиот шпиц во дваесеттите и триесеттите години се забележува втор помал пораст во седмата и осмата деценија од животот.
КБ најчесто се јавува кај младите адулти, а неговата инциденција во последниве децении бележи пораст. Кај оваа болест постои бимодална дистрибуција по возраст, односно по првиот шпиц во дваесеттите и триесеттите години се забележува втор помал пораст во седмата и осмата деценија од животот. Болеста може да го зафати целиот гастроинтестинален тракт, од усната празнина до анусот, а според проширеноста се класифицира во три групи: болест на тенкото црево (околу 30% од случаите), болест на тенкото и дебелото црево (40%) и болест на дебелото црево (30%). Исто така, болеста може да се појави и на атипични места, какви што се: устата, езофагусот, желудникот или дуоденумот.
Типични симптоми на КБ се: пролив, стомачна болка, премаленост и губење на телесна тежина. Болката е грчевита и кај пациентите со илеоколична локализација на болеста се јавува во долниот десен квадрант. Крвавењето е најчесто окултно, а масивно крвавење може да се јави кај пациентите со зафатено дебело црево. Кај некои пациенти може да се јават промени на анусот (анални фицури, фистули и абсцеси). Со оглед на тоа што симптомите не се специфични можат да поминат неколку години од нивниот почеток до дијагнозата на болеста. Во ретки случаи болеста може да се манифестира само со треска, без ниту еден гастроинтестинален симптом.
Воспалителниот процес кај КБ е трансмурален, односно се протега низ целиот зид од цревото поради што честа е појавата на адхезии помегу цревните вијути или помегу цревото и околните органи (на пр. мочниот меур). Исто така, можат да настанат фистули помегу одделни сегменти од цревото, помегу цревото и мочниот меур, абдоминалниот бид или перинеумот. Воспалителните зони на цревниот бид се одделени со зони од нормално ткиво. Неказеозни грануломи се сретнуваат во сите делови од цревниот бид, поради што КБ уште се нарекува и грануломатозен ентерит. Отсуството на грануломи во биоптичкиот материјал не ја исклучува дијагнозата на КБ. Мезентериумот, исто така, може да биде воспален, задебелен и отечен, а во некои случаи вака променетиот мезентериум може да предизвика опструкција на цревото. Аналните фисури се една од карактеристиките на КБ, а се јавуваат и кога ректумот не е зафатен.
Радиолошки наод
Контрастните снимања со бариум се многу корисни во дијагностиката и следењето на КБ. На графија можат да се видат цревните стриктури, задебелувањата на бидот од цревото, отпечатоците на палец и фистулите. Типичниот радиолошки наод на токсичен мегаколон може да биде виден и кај пациентите со КБ. Со компјутеризирана томографија можат да се видат задебелувањата на цревниот зид, ентеровезикалните фистули, воспалителниот инфилтрат во уретерите и абсцесните формации. Особено внимание при ова испитување треба да се посвети на терминалниот илеум, вообичаената локализација на болеста.
Клинички тек на КБ
Кај типичниот пациент со КБ зафатени се и тенкото и дебелото црево. Како и кај УК, текот на болеста се состои од периоди на ремисии и егзацербации. Егзацербациите се манифестираат со анорексија, повракање, слабеење, стомачна болка и дехидратација. Ремисиите можат да настанат спонтано или со примена на терапија (преднизолон или сулфасалазин). Опструкцијата на цревото е честа, особено во случаите со поголемо зафакање на тенкото црево. Ректалното крвавење е многу поретко отколку кај УК. Пациентите со КБ имаат повисока инциденција на канцер на тенкото црево во споредба со општата популација. Возраста на почетокот на болеста не е предиктор на нејзината тежина, како што и тежината на симптомите не е во корелација со радиолошкиот наод.
Фистулите можат да пенетрираат во соседните сегемнти од цревото, карличните структури или кожата. При перфорација на цревото или при руптура на интраабдоминален абсцес може да дојде до појава на генерализиран перитонит. Кај многу пациенти со КБ е потребен хируршки третман поради цревна опструкција, интрабдоминален абсцес, надворешни фистули, рекурентно крвавење и др. Кај УК колектомијата е метода на излекување што не е случај кај КБ бидејки по хируршкиот зафат доага до појава на нови промени поради кои е потребен нов зафат. Опструкцијата на цревото предизвикана од настанатите стриктури и адхезии е критичен проблем кај овие пациенти.
При екстензивно зафакање на тенкото црево или по повторувачки хируршки зафати малапсорпцијата може да стане сериозен проблем. Најголем ризик постои за појавата на протеинска малнутриција, дефицити на минерали и витамини и анемија поради нарушена апсорпција на железо и витамин Б12. Во слепите петелки на цревото може да дојде до пролиферација на цревните анаероби што дополнително го отежнува проблемот на малапсорпција.
Пациентите со КБ, исто така, имаат зголемен ризик од појава на жолчни или бубрежни оксалатни камења. Оксалатот во цревото нормално се врзува со калциумот при што се создаваат соли што не се апсорбираат. Кај пациентите со малапсорпција на амсти доага до сапонификација на калциумот при што не може да реагира со оксалатот и тој во големи количини се апсорбира во дебелото црево. Кај дел од апциентите со бубрежна калкулоза доага до развој на хронична бубрежна слабост. Друти причини за бубрежна слабост кај пациентите со КБ се амилоидозата и фистулите помегу цревото и уринарните патишта.
Фармаколошка терапија на активната КБ
Сулфасализонот е ефикасен лек кај пациентите со КБ со зафакање на дебелото црево и на дебелото и тенкото црево. Со сулфасалазинот треба да се дава и фолна киселина во дневна доза од 1 т§. Наместо сулфасалазин може да се примени месаламинот. Кај пациентите без одговор на применетата терапија, како и кај пациентите кај кои е зафатено само тенкото црево се препорачува примена на преднизолон во дневна доза од 40 до 60 т§. За жал, многу пациенти имаат изразени симптоми при започнувањето на кортикостероидната терапија. Кај овие пациенти треба да се примени имуномодулаторен третман со азатиоприн или 6-меркаптопурин, при што ефектите од нивната примена се јавуваат по најмалку три месеци. Овој третман е ефикасен кај најголем број од пациентите со грануломатозен илеит. Во случај на слаб одговор на применетата терапија се препорачува примена на метотрексат. Резултатите од истражувањата укажуваат дека примената на имуномодулатори ја намалува потребата од кортикостероиди и ја зголемува зачестеноста на излекување на фистулите.
Циклоспоринот, исто така, е ефикасен кај кортикорезистентните случаи, но ефикасноста на неговата долготрајна примена не е докажана. Примената на инфликсимаб, скоро воведениот инхибитор на тумор-некротизирачкиот фактор ос, покажува задоволителни резултати кај рефрактерните случаи.
Пациентите кај кои е зафатено дебелото црево покажуваат подобри резултати од примената на сулфасалазин отколку од примената на преднизолон. Тој се применува во форма на супозитории при зафатеност на ректумот, односно во бавно дејствувачка орална форма при зафатеност на терминалниот илеум. Најчесто несакано дејство при неговата примена е проливот.
Пациентите со поголема зафатеност на тенкото црево подобро реагираат на примената на преднизолон. Кај некои пациенти со слаб ефект на применетата терапија поволен ефект може да има примената на метронидазол или друти антибиотици.
Одржуавње на ремисија на КБ
Сулфасалазинот не е ефикасен лек за одржување на ремисија на КБ. За разлика од него, месаламинот е ефикасен, а се применува во дневна доза од 2 до 4 §. Преднизолонот не е добар избор на лек за одржување на ремисија кај пациентите со КБ поради честите и сериозни несакани ефекти, а се препорачува примената на азатиоприн и 6-меркаптопурин.
Превенција на постоперативните рецидиви на КБ
Примената на месаламин, азатиоприн, 6-меркаптопурин и рибино масло веднаш по хируршкиот зафат ја намалува зачестеноста на рецидиви на болеста. Пациенти со висок ризик за постоперативен рецидив се: пациенти со два или повеке хируршки зафати, податоци за ран рецидив по претходниот зафат, пациенти со фистули или абсцеси, како и пациенти кај кои е правена пластика на стриктурите и екстензивна ресекција на цревото.
Фармаколошкиот третман не влијае на екстраинтестиналните манифестации на болеста, како и на потребата од хируршки зафат. Бенефитот од терапијата за одржување кај пациентите со КБ не е толку изразен како кај пациентите со УК.