Болести на ендокриниот систем

Остеопороза

Скршеници на коските се појавуваат кога јачината на трауматската сила ја надминува можноста на коската да ја издржи силата. Јачината на коската е функција од квантитетот и квалитетот на коската. Претходното се мери како минерална густина на коската (ВМБ) и изнесува околу две-третини од јачината на коската.

Скршеници на коските се појавуваат кога јачината на трауматската сила ја надминува можноста на коската да ја издржи силата. Јачината на коската е функција од квантитетот и квалитетот на коската. Претходното се мери како минерална густина на коската (ВМБ) и изнесува околу две-третини од јачината на коската. Квалитетот на коската се однесува на микроскопска архитектура и степенот на минерализација.

Остеопороза е состојба на намален БМД, која носи ризик за фрактура. Иако е најчесто заболување кај постари жени од белата раса, сите возрасти, раси и обата пола може да заболат од оваа болест. Други ризик фактори вклучуваат:храна менопауза, фамилијарна историја за остеопороза, тенка градба на телото и користење цигари. Голема консумација на алкохол и седечкиот начин на живот исто така може да допринесат за загуба на коскеното ткиво.

Патофизиологија

Остеопорозата е резултат на намалување на коскената маса, прогресивна загуба на коскено ткиво или обете. До 35 години старост, повекето лица го имаат постигнато врвот (пикот) на кортикална и трабекуларна коскена маса, и после тоа, и кај жените и мажите следи старосно-поврзана загуба на коскената маса. Оваа загуба делумно е резултат на нерамнотежа помегу процесите на ресорпција на коската и нејзино формирање како дел од нормалниот процес на ремоделирање на коската, претходно опишан. Кај жените овој неизбежен пад на коскената маса започнува од понизок врв (пик) отколку кај мажите, и кај нив стапката на загуба на коската е побрза, посебно за време на првите 5 години по менопаузата кога естрогенот дополнително го забрзува овој процес. Во отсуство на болест или лекови кои ја намалуваат коскената густина, ова нарушување е познато како примарна остеопороза. Како резултат на тоа е намалување на коскената густина и коскената сила и зголемување на ризикот за скршеници.

Секундарна остеопороза може да се јави со ендокрини нарушувања. Хипертиреоидизам, хиперпаратиреоидизам, хипогонадизам (Кушингов синдром), лекови (најважни гликокортикоиди) и хематолошки малигности (на пр. мултипла мијелома). Подолготрајни периоди на аменореја кои се појавуваат кај некои атлетски типови жени и кај пациенти со анорексија нервоза може да резултираат со понизок пик (врв) на коскена маса, забрзан процес на загуба на коска и зголемен ризик за фрактури.

Дијагноза

Густината на коските најчесто се мери со двојна енергија на х-зрак абсорпциометрија (БХА). Моментално БХА се преферира над другите техники за мерење на ВМБ, што се должи на широката употреба, ниска изложеност на радијација точност, репродуктибилност и скромна цена. ВМБ кој е 2.5 или повеке стандардни девијации под средната вредност за млада возрасна бела жена (т.е, а „Т-5соге“ < -2.5) е придружен со зголемен ризик за скршеници и е усвоен од Светската здравствена организација за операциона дијагноза за остеопороза. Пациентите кои го исполнуваат овој критериум без секундарни причини се кандидати за специфичен третман со цел зголемување на коскената маса и намалување на ризикот за скршеница.

При евалуација на пациент со остеопороза, мора да се разгледуваат и секундарните причини и соодветно да се исклучат, посебно оние кои може да имаат субклинички манифестации. На сите пациенти треба да им се направи биохемиска проценка за тироидната и паратироидната функција. Тестостеронот треба да се мери кај мажи и аменорејата треба целосно да се испита кај жени во пременопаузалниот период (видете Поглавје 27). Ако клиничката слика се влошува, Кушингов синдром (видете Поглавје 24) или мултипла мијелома треба да се исклучат.

Превенцжја и Лекување

Превенцијата од остеопороза треба да започне уште во детството со адекватен внес на калциум и витамин Д и вежбање за да се постигне најголем пик на коскена маса во раната адолесценција. Внесот на калциум и витамин Д, гонадалниот статус и вежбањето претставуваат важни детерминанти за стапката на
губење на коска. Консумацијата на алкохол и цигари треба да се ограничи.

Главен придонесувач (контрибутер) за развој на остеопороза кај жени во менопауза е намалувањето на вредностите на естроген што ја прати менопаузата. Преку инхибиција на ресорпција на коската, терапијата со естроген ја ублажува брзата загуба на коска што се јавува во раната менопауза и значително ја намалува инциденцата на скршеници. Одлуката за земање на супституциона естрогена терапија треба да се донесе индивидуално за секоја пациентка врз основа на придобивките и ризиците.

Во последните години, постојат неколку ефикасни терапии при дијагностицирана остеопороза. Бифосфатите (на пр. а1епс1гопа1:е, пбес!гопа1е) се покажаа ефикасни за зголемување на БМД и намалување на стапката на скршеници при постменопаузална остеопороза и гликокортикоидна-индицирана остеопороза. Ниската биорасположивост и зголемениот ризик од езофагеална улцерација ги прави овие лекови неповолни и стимулираат истражувања за додатни опции.

Селективните модулатори на естрогените рецептори (бЕКМз) предизвикуваат значителна комбинација на корисни естроген ефекти врз коската и серумските липопротеини додека ги антагонизираат штетните ефекти на естрогенот врз ендометриумот и дојката. КакшГепе го намалува ризикот за обете и за вертебрални (рбетен столб) скршеници и рак на града кај жените во постменопаузалниот период.

Калцитонин, пептиден хормон произведен од Ц клетките во тироидата, ја инхибира ресорпцијата на коската кога се дава во фармаколошки дози и имаат аналгетски ефект. Калцитонинот го забавува постменопаузалното губење на коска, но е скап и мора да се дава парентерално.

Акутни скршеници на колкот или рачниот зглоб и скршеници на рбетниот столб (пршлени) со невролошки последици бараат консултации со ортопед. Хронична аналгезија, надворешен корсет и помалку позната внатрешна фиксација може да е потребна кај пациенти со тешка вертебрална остеопороза.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button