Хипoкалиемија
Хипокалиемијата генерално добро се толерира. Во секој случај, таа го зголемува ризикот од дигоксинската токсичност.
Хипокалиемијата генерално добро се толерира. Во секој случај, таа го зголемува ризикот од дигоксинската токсичност. Ако хипокалиемијата е изразена или се случува брзо, пациентот може да се жали на гадење, нарушен гастроинтестинален мотилитет, Нарушена способност за концентрирање на урината, аритмии, интолеранција на јаглени хидрати и слабост на скелетните мускули.
Калиумот може да се губи преку бубрезите или гастроинтестиналниот тракт, а може да премине и во клетките.
Неколку клинички состојби се поврзани со зголемен губиток на калиум преку бубрезите:
1. Употребата на диуретици е најчестата причина за губењето на калиум. Сите обични диуретици, освен оние кои се дизајнирани да влијаат на излачувањето на калиумот (пр. триамтерен), предизвикуваат значително губење на калиум.
2. Осмотската диуреза која се случува, на пример со хирегликемија, може да предизвика хипокалиемија преку зголемување на стапката на дистален дотур на натриум и стапката на проток.
3. Состојбите на примарен или секундарен хипералдостеронизам ја зголемуваат бубрежната секреција на калиум.
4. Бубрежната тубуларна ацидоза е асоцирана со хипокалиемија.
Гастроинтестинални причини за хипокалиемија се пролонгирано повракање, пролив и дренажна фистула. Алкалозата од пролонгираното повракање резултира со слабо задржување на калиум од страна на бубрезите и значително придонесува за појава на хипокалиемија.
При необичното фамилијарно нарушување познато како хипокалемиска периодична парализа, се случуваат напади на слабост или дури и комплетна парализа придружени со транзиторни движења на калиумот во клетките, што резултира со појава на хипокалиемија. Нападите обично се иницирани со ингестија на оброк богат со јаглени хидрати.
Терапијата на хипокалиемијата обично напредува бавно, вклучувајки орална или интравенска замена со калиум хлорид. Интравенскиот внес треба да се прави со посебна претпазливост и прилично бавно (не повеке од 10 тЕ^/час) за да се превенира појава на аритмии предизвикани со повремената хиперкалиемија.