Хипонатремија
Поради фактот што бубрезите можат да ја излачат скоро целата количина на вода што доага до нив, прилично е тешко да се предизвика хипонатремија со пиење на разредени течности доколку не постои некое придружно бубрежно заболување или нарушување на секреторниот маханизам на АДХ.
Поради фактот што бубрезите можат да ја излачат скоро целата количина на вода што доага до нив, прилично е тешко да се предизвика хипонатремија со пиење на разредени течности доколку не постои некое придружно бубрежно заболување или нарушување на секреторниот маханизам на АДХ.
Најголемиот број пациенти добро ја толерираат хипонатремијата, а симптомите обично стануваат забележителни само кога концентрацијата на натриумот брзо ке падне под 125 тЕ^/Т. Симптомите од брзата хипонатремија се предоминантно невролошки и прогредираат од лесна конфузија и анорексија до гадење, повракање, конвулзии и евентуално кома и смрт. Присуството на хипонатремија покажува само дека има премногу вода во однос на количината на растворлива супстанција во организмот. Хипонатремијата обично се рефлектира со хипоосмоларност. Хипонатремијата може да се случи при вишок на вкупната вода во организмот
(хиперволемија), нормална количина на вода во организмот (еуволемија), или намалена количина на водаво организмот (хиповолемија).
Хипонатремија со хиперволемија
Три едематозни состојби масивна конгестивна срцева инсуфициенција, нефротски синдром и црнодробна цироза се асоцирани со хипонатремија. Овие три состојби се асоцирани со намалување во ефективниот циркулирачки волумен.,Како последица на тоа постои задржување на натриум од страна на бубрезите. Со значително намалување на ефективниот волумен, регулацијата на волуменот на ЕЦТ добива приоритет над регулацијата на осмоларитетот. АДХ се зголемува, доведувајки до реапсорпција на водата во тубулите. Задржаната вода помага да се поврати циркулирачкиот волумен, но хипонатремијата пак резултира. Во овој случај задржувањето на водата од страна на бубрезите е поголемо од задржувањето на натриумот.
Хипонатремија со еуволемија синдром на несоодветен антидиуретски хормон (СНАДХ)
Најчестата причина за еуволемиска хипонатремија е неадекватната секреција на АДХ. Ретко, пациентите имаат ресетиран осмостат од други причини. Втората причина за еуволемиска хипонатремија е пролонгираната употреба на тиазидни диуретици, но има и други причини. Една од нив е бременоста, којашто има ресетиран осмостат до осмоларност на серумот под 280 тОзт. Ендокрината и бубрежната функција се нормални, со оглед на тоа дека се одговор на оптоварувањето со вода и рестрикцијата. Компензаторните механизми секогаш ја вракаат осмоларноста на истата, но намалена точка.
Неколку нарушувања можат да резултираат со излачување на вишокот на АДХ со последична хипонатремија. Некои тумори, посебно белодробните карциноми, излачуваат биолошки активен АДХ. Нарушувањата на централниот нервен систем, вклучувајки менингитис и енцефалитис, како и постоперативните состојби можат директно да влијаат на осморецепторите кои ја регулираат питуитарната секреција на АДХ. Белодробните инфекции понекогаш предизвикуваат синдром на неадекватна секреција на АДХ (СИАДХ) со помош на непознат механизам. Многубројни лекови, особено клофибратот, циклофосфамидот, оралниот хипогликемиски хлорпропамид, помалку често карбамазепинот и нестероидните антиинфламаторни лекови, ја зголемуваат секрецијата на АДХ или го потенцираат одговорот на бубрезите на тој хормон.
СИАДХ е најчестата причина на болнички здобиената хипонатремија. Дијагнозата на СИАДХ се утврдува со присуство на ниско серумско ниво на натриум или со осмоларност со неадекватно висока уринарна осмоларност (обично поголема од 100 тОзт/ к§) и концентрација на натриум во отсуство на друго бубрежно или ендокрино заболување. Натриумот во урината е обично поголем од 20 тЕ^/1,. Бубрежната функција мора да биде нормална. Пациентите со хипотироидизам, на пример, исто така може да имаат хипонатремија придружена со зголемени серумски нивоа на АДХ, а болеста на тироидната жлезда мора да биде откриена пред да се постави дијагнозата на СИАДХ.
Рестрикцијата на водата е често единствената потребна терапија. Демеклоциклинот, којшто им помага на бубрезите да се одбранат од ефектите на АДХ, исто така може помогне.
Хипонатремија со хиповолемија
Пациентите кои имаат хипонатремија со дехидратација имаат клинички докази за намален интраваскуларен волумен. Загубата на натриум може да се случи преку бубрезите или преку друг начин. Со сериозното намалување на волуменот, неговата регулација добива предност пред регулацијата на осмоларноста. АДХ се зголемува, па ако нема рестрикција на слободната вода, тоа резултира со хипонатремија.
Губитокот на натриум преку бубрезите може да резултира од употребата на диуретици, адренална инсуфициенција, или поретко од губиток на сол поради бубрежна болест. Адреналната инсуфициенција се смета дека може да ја објасни хипонатремијата што се сретнува кај некои пациенти инфицирани со вирусот на хуманата имунодефициенција. Уринарното ниво на натриум е високо, надминувајки 20 тЕ^/Е.
Ако урината од пациент со хипонатремија со дехидратација содржи помалку од 10 тЕд/Б натриум, најверојатно не се работи за извор од страна на бубрезите. Кај пациент што има поголемо намалување на волуменот предизвикано од повторувачки повракања, проливи или зголемено потење, хипонатремијата може да резултира ако овие губитоци на натриум се заменуваат само со вода.
Значајни причини за хипонатремија кои што треба да бидат земени предвид кај сите пациенти се псевдохипонатремија и хипотиреоидизам. Ниската серумска концентрација на натриум може да биде артефакт при мерењето. Вообичаено, серумскиот натриум е директно поврзан со осмоларноста на плазмата. Во некои случаи, хипонатремијата е асоцирана со нормална или зголемена серумска осмоларност, а не со хипоосмоларност. Оваа состојба е позната како певдохипонатремија. Серумскиот натриум не мора да се рефлектира на осмоларноста на плазмата ако количината на вода во неа е намалена. Плазматската вода е намалена при случаите како што се хиперлипидемија и миелом, но плазматската осмоларност е нормална или зголемена. Хипонатремијата во оваа состојба не бара терапевтска интервенција. Серумскиот натриум во услови на хипергликемија може да биде намален поради осмотската редистрибуција ‘Иа водата во екстрацелуларниот простор. Коригираниот серумски натриум може да биде пресметан со додавање на 1.6 тЕ^/Е на измерениот натриум за секои 100 т §/сИ зголемување во серумското ниво на глукоза.
Терапија
Хипонатремијата често се открива само инцидентно и обично не бара некаква специфична терапевтска интервенција. Кај еуволемиски и хиперволемиски пациенти, намалениот внес на вода е обично доволен. Кај хипотензивни, хиповолемиски состојби, одржувањето на крвниот притисок може да бара примена на изотонични раствори за брзо надоместување на волуменот. Акутната симптоматска хипонатремија може да се коригира со инфузија на хипертоничен (3%) физиолошки раствор, но серумското ниво на натриум треба да се врака постепено до околу 125 тЕ^/Е, па обично тогаш конфузијата може да биде запрена.