Катетеризација на периферните артерии и вени
Катетеризацијата на радијалната артерија овозможува континуирано следење на артерискиот крвен притисок, како и земање примероци крв за гасни анализи. Оваа постапка е особено корисна кај лицата со нестабилен крвен притисок кои примаат вазоконстрикторни или вазодилататорни лекови. Исто така, оваа постапка е корисна кај пациентите со респираторна инсуфициенција кај кои е потребно одредување на респираторните гасови во крвта повеке пати во денот.
Катетеризацијата на радијалната артерија овозможува континуирано следење на артерискиот крвен притисок, како и земање примероци крв за гасни анализи. Оваа постапка е особено корисна кај лицата со нестабилен крвен притисок кои примаат вазоконстрикторни или вазодилататорни лекови. Исто така, оваа постапка е корисна кај пациентите со респираторна инсуфициенција кај кои е потребно одредување на респираторните гасови во крвта повеке пати во денот. При изведувањето на артериската катетеризација ретко се јавуваат сериозни компликации, иако може да се јави прекинување на катетерот со крвавење, локален вазоспазам и тромбоза со исхемија, болка, па дури и некроза дистално од местото на тромбозата.
Долгите катетери пласирани транскутано во внатрешната или надворешната југуларна вена Или V. jugularis се наречени централни венски линии. Со нив се овозможува постабилен пристап за интравенските инфузии во споредба со периферните катетери, така што централните венски ли&ии се особено корисни кај пациенти кај кои е потребна континуирана интравенска инфузија или кај оние кои примаат одредени лекови, на пример катехоламини, кои имаат иритативно или вазоспастично дејство доколку се даваат преку некоја мала периферна вена. Со мерење на притисокот преку централната венска линија се добиваат исти информации како со инспекција на југуларните вени или да се направи груба проценка на балансот на течности кај пациенти со нормална срцева функција, но не може да се процени функцијата на левата комора. Компликации што можат да настанат при поставувањето на централните венски линии се пневмоторакс, крвавење или венска тромбоза.