Кои се најдобри во кревет – бринетите, црнките или блондинките?
Околу 58% од мажите тврдат дека бринетите се најдобри љубовнички, а најмалку гласови добија црвенокосите. Покрај добриот изглед секако важни се и кулинарските способности.

Во најновото истражување мажите конечно одлучија: бринетите се најдобри во креветот а на второ место се блондинките, пишува Daily Mail.
По нив, на третото место се наоѓаат црнокосите, а девет одсто од од мажите сметаат дека првото место во оваа „дисциплина“ го заслужуваат црвенокосите.
Покрај добриот изглед, исто така битен фактор при одбирањето на партнер е и смислата за хумор и колку добро партнерката се снаоѓа во кујната. Токму оваа последна вештина е важна за 55% д мажите, додека жените се изјасниле дека сакаат забавн партнери. Една четвртина од припадничките на поубавиот пол би спиеле со партнер кој има добра смисла за хумор, иако физички не ги привлекува, потврди студијата.
