Еве што мажите мислат дека е романтично
Дека се од некоја друга планета, мажите многу пати им докажаа на жените. Но, изгледа дека и нивното согледување на романтични моменти е значително различно од фантазиите на поубавиот пол.

Врз основа на една анкета која е направена во Британија, на листата на 10 најголеми докази за љубов се најдоа и понуда за чистење на куќата (11%) и изнесување на ѓубрето и спуштање на тоалетната даска (7%).
Меѓу романтичните гестови се најдоа и самоиницијативно перење на садови или пеглање. Но, за среќа на жените, анкетата покажа дека мажите за романтика сметаат и некои други гестови.
Така 37% одговориле дека својата понежна половина би ја изненадиле со некој букет цвеќе, а 31% од испитаниците се спремни да ги завратат ракавите и да спремат некоја вечера.
Сепак една петина од мажите мислат дека жените би се посомневале дека згрешиле нешто поради ваквите изненадувања.

