Љубов и секс

Добри причини да уживате во празничниот секс

Доколку поради организацијата на празниците и неминовниот стрес сте помислиле на интимно опуштање со партнерот, сега е идеалното време за тоа.

Деновите кога треба да се опуштите, наместо да се карате со својот партнер, поминете ги со топли игри под ќебињата. Иако ќе ви се чини дека немате време за страсти бидејќи после гостите останале неизмиени садовите, ви советуваме да најдете малку време да се опуштите и препуштите..


1. Една чаша повеќе е сосема во ред


Алкохолот е неизбежен за опуштање и стимулирање на либидото. Дозволете си чаша вино за ручек или вечера. Грееното вино може да биде силен афродизијак, а доколку го припремате дома, може да го зачините со ѓумбир, цимет, ванила и шеќер.


2. Уживајте во храната


На диета секогаш може да бидете после Нова Година, затоа не се воздржувајте и уживајте во јадењето! Определете се за колачи со висока количина на какао или темна чоколада која ќе ви помогне за подобро расположение. Темната чоколада е врвен афродизијак, а антиоксидансите се сјајни за активирање на сексуалната енергија.


3. Водење љубов под имелата


Бакнеж под имела? Зошто да не? Можете да му предложите на партнерот да уживате ако ја соблечете цела облека од себе, а со имелата да му покажете каде се вашите ерогени зони. Забавата ви е гарантирана!


4. Шише на вистината, дринкопол или не лути се човече


Не ви треба големо друштво за добро да се забавувате, туку шише добар алкохол и упорност. Победата нека ви биде предизвик, бидејќи натпреварувачкиот дух може само да ја разгори страста.


5. Со празничен секс намалете го стресот


Капата на Дедо Мраз или друг украс може да се употреби на некое стратешко место. Забавната терапија за релаксација ќе ја реши сета напнатост што настанува за време на, пред и после празниците. Пронајдете време за игри во креветот, а освен што ќе ве расположат и ќе ви ја обноват енергијата, ќе согорите и многу калории.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button