Занимливости

Како емоциите се манифестираат на телото?

half-angry-half-happy

Научниците во Финска истражуваа како луѓето чувствуваат различни емоции на своите тела и открија дека кај мнозинствотото се манифестираат на сличен начин, пренесе „НПР“.

Испитаниците рекоа дека среќата и љубовта кај нив предизвикуваат чувство на топллина и активност во целото тело, додека депресијата има спротивен ефект, со неа се губат чувствата на рацете, нозете и главата.

Чувството на опасност и страв кај испитаниците предизвикуваат силна сензација во пределот на градниот кош.

sostojbi-na-teloto

За лутината е утврдено дека е една од ретките емоции која што предизвикува чувство на зголемена активност на рацете.

Врз основа на истражувањето научниците направиле графички приказ на влијанието на емоциите врз телото и се надеваат дека тој ќе им помогне на психолозите да ги дијагностицираат и лекуваат промените на расположението.

-Нашиот емотивен систем во мозокот испраќа сигнали до телото за да знаеме како да се однесуваме во ситуацијата во која што се наоѓаме. Доколку некој види змија и почувствува страв, нервниот систем ќе го зголеми дотурот на кислород во мускулите, ќе ја забрза работата на срцето. Тоа е автоматски систем-изјави Лаури Нуменма, психолог од Универзитетот Алто, кој го води истражувањето.

Тој и неговиот тим спровеле едноставен компјутерски експеримент во кој учествувале околу 700 волонтери од Финска, Шведска и Тајван.

На нив на екран им биле покажани две силуети на човечко тело и имале задача да размислуваат за една од 14-те емоции како што се љубовта, стравот, тагата, лутината, гордоста и слично.

Елена Георгиевска

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button