Занимливости
Зошто е добро секој ден да пиете сок од портокал?
Петок, 20 Декември 2013 18:02
Природниот сок од портокал е извор на здравје и убавина. Ви ги откриваме добрите страни на сокот од портокал кој треба да го пиете секојдневно.

Портокалот е богат со витамин Ц кој го зајакнува имунитетот и штити од настинки и грипови. Портокалот го намалува холестеролот и крвниот притисок, а со тоа кожата изгледа помладо. Благодарејќи на соединението кое го содржи, портокалот го намалува ризикот од рак на уста, кожа, плуќа, гради, желудник и дебело црево. Бидејќи витамин Ц брзо се губи, портокалот е важно да го изедете веднаш откако ќе го излупите. Во сокот од портокал не додавајте шеќер, а доколку се одлучите за сок од портокал од продавница, проверете ги неговите состојки и количеството на шеќер.
Претходно од оваа категорија:

0 Коментари