Занимливости

Како безжичната технологија влијае на растенијата?

Денес животот не може да се замисли без Wi-Fi, a сè уште не се познати последиците од сигналите што се емитуваат од рутерите. Какво е нивното влијание на човечкиот организам не е познато, но утврдено е дека растенијата венеат  во близина на безжичната технологија.

Данскиот информативен портал DR објави дека почнале да го следат растот на растенија кои се наоѓаат во близина на Wi-Fi рутери. Шест растенија биле сместени во соба без рутер, а други шест во соба со два рутери кои емитувале сигнали како два мобилни телефони. Експериментот траел 12 дена.

„Овој експеримент предизвика бурна расправа во Данска за можните штетни влијанија од мобилните и Wi-Fi опремата“, изјави Ким Хорсвад за ABC News.

Експериментот покажал дека растенијата во собата со рутер првин почнале да ја губат бојата, а  потоа да венеат. Според некои мислења, тоа е така бидејќи уредите емитуваат голема топлина.

Студијата дефинитивно ќе го зголеми стравот од Wi-Fi радијацијата. Едно друго истражување направено пред три години во Холандија покажало дека безжичните рутери направиле штета на дрвјата посадени во нивна близина. Таа била направена по барање на град во западна Холандија откако официјалните власти забележале необјаснива абнормалност на дрва изложени на радијација. Повеќе од 70 отсто од дрвата во урбаната средина ги имале истите симптоми, додека дрвата надвор од градското подрачје немале вакви симптоми.

Сите досегашни експерименти покажале дека невидливите сигнали што ги емитуваат мобилните и лаптоп компјутерите можат да направат огромна штета на растенијата, пишува Daily Mail.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button