Што сè може да ви направи Фејсбук
Проблемот е во тоа што слабата самоконтрола се манифестира на непријатни начини како неконтролирано трошење пари или претерано јадење.
Луѓето кои имаат широк круг на пријатели на Фејсбук имат поголема садоверба, отколку оние кои имаат помалку, но новото истражувања покажува дека оваа голема самодоверба може лесно да и наштети на психата, бидејќи тогаш се намалува самоконтролата.
Во спроведената студија биле вклучени 500 корисници на Фејсбук, кои се испрашувани за нивните навики во исхраната, финансиите и навиките на користењето на интернет.
Се покажало дека лицата со повеќе пријатели на социјалните мрежи имаат мошне повисок индекс на телесна маса, често се прејадуваат и имаат пречекорен минус на сметките и кредитните картички.
Подготви: K. A.

