Како да оставите добар впечаток?

Само што сте се запознале со некого, а веќе не знаете како да му се обраќате. Без разлика дали станува збор за разговор за работа, запознавање со нови колеги или пријатели, првиот впечаток е многу важен.
Насмевката е најважна
Едноставен начин некој веднаш да ве засака е да му се насмеете. Искрената насмевка порачува „расположен сум“, „драго ми е што те гледам“, „ми се допаѓаш“… Луѓето најчесто се преокупирани со секојдневни обврски, постојано се зафатени, загрижени, нерасположени и кога ќе видете некое ведро лице – тоа е она што директно влијае врз вашиот мозок и на лачење на хормонот на среќата. Расположете го соговорникот, со насмевка му давате до знаење дека ви е драго што разговарате со него.
Вежбајте го памтењето
Многу често слушаме оправдувања дека луѓето слабо паметат имиња, но тоа не е во природата на човекот. Тоа зборува за недостигот од фокусирање и желба да се запамети нешто. Ако додека разговарате со име го ословувавате соговорникот, автоматски ќе ја добиете неговата наклонетост. Затоа потрудете се концентрацијата да ви биде на високо ниво кога се запознавате со некого. Стиснете му ја раката на соговорникот, погледнете го во очи, претставете се и веднаш потоа изговорете го неговото име за полесно да го запаметите.
Соговорникот нека биде во центарот на разговорот
Секој човек сака да биде ценет. Можеби токму вие сте најинтересната личност на светот или можеби сте го освоиле Монт Еверест, но соговорникот очекува од вас вие да се заинтересирате за неговата работа. Кога првпат запознавате некого, важно е тој да се почустувава важен, а тоа ќе го постигнете ако внимателно го слушате. Ако низ разговор тој споменува некое хоби или патување, искористете го тоа. Заинтересирајте се и поделете ги искуствата. Направете го тоа искрено за да му дадате до знање дека сакате да го запознаете подобро.