Фитнес

Како да согорите поголемо количество калории?

Сите оние кои се опседнати со своите килограми и сакаат да потрошат поголемо количество калории ќе бидат среќни да дознаат дека универзитетот Northumbria во едно свое истражување откри трик со чија помош ќе согорите и до 20% повеќе калории.

Очигледно сè зависи од тајмингот, бидејќи се покажа дека ако одработите пар вежби пред доручекот ќе согорите повеќе калории отколку ако вежбате после тоа.

За да дојдат до овој заклучок истражувачите зеле две групи на мажи, од кои едните вежбале на лента за трчање во десет часот изутрина после доручекот, а другите вежбале пред него.

Потоа за ручек добиле тестенини, а од нив било побарано да престанат со јадење тогаш кога ќе почувствуваат дека се сити. После тоа го измериле бројот на внесени калории и масти и дошле до заклучок дека сите оние кои вежбале пред доручекот не консумирале одвишок калории за време на ручекот, ниту пак имале поголем апетит како компензација за нивниот тренинг пред доручекот. Тие учесници во истражувањето потрошиле 20% повеќе калории од оние кои вежбале по доручекот.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button