Објавила фотографии четири дена откако се породила, позира во градник и гаќички

Норвежанката Каролин Берг Ериксен, сопруга на фудбалерот Ларс Кристијан Ериксен ја разбесни јавноста откако објави фотографија четири дена откако се породи и на која таа позира покажувајќи го рамниот стомак.
Таа на „инстаграм“ објави фотографија во која е облечена само во градник и гаќички. Ќерката Нели ја роди во понеделникот, а фотографијата ја објави во петок. Под неа напиша: Од една страна се чувстувам празно, а од друга страна пак не. Четири дена по породувањето“.
Оваа фотографија ја разбесни дел од јавноста бидејќи создава притисок кај другите мајки.
Дел од јавноста застана во нејзина одбрана, објаснувајќи дека сите жени имаат различнии тела и секоја од нив различно реагира на бременоста. И додека многумина сметаат дека таа не изгледа вака четири дена по породувањето, Берг Риксен на критичарите на „фејсбук“ им порача: „Ја објавив фотографијата бидејќи сум горда на себе и на своето тело и како тоа изгледа по породувањето. Мислам дека сите мајки треба да бидат горди, без разлика како изгледаат“.
Таа објави и фотографија три дена пред породувањето.
