Пет типови на храна што можат да го уништат сексуалниот живот
Храната која ја внесувате секојдневно може да влијае на многу аспекти од вашиот живот, од општото здравје до квалитетот на сексуалниот живот. Затоа треба да знаете што да одбегнувате. Тука може да ви помогне написот на Detalis.com, кој направи листа на пет типови на храна која може да ви наштети на сексуалниот живот.

Сол
Високото ниво на натриум има најголем придонес во зголемениот крвен притисок што според истражувањето на Универзитетот Тулејн, може да предизвика проблеми со ерекцијата.
Соја
Научниците од универзитетот Харвард пронајдоа докази дека диетата која главно се базира на соја може да предизвика проблеми со ерекцијата. Тоа е затоа што сојата го намалува количеството на тестостерон.
Конзервирана храна
Секоја конзерва во која се продава конзервираната храна содржи бисфенол А. Кај мажите кои се изложени на големо количество од оваа супстанца постои четири пати поголем ризик да се соочат со проблеми со ерекција и седум пати поголем ризик да се соочат со проблеми со ејакулацијата.
Трансмасти
Трансмастите се особено лоши за кардиоваскуларното здравје, а ерекцијата зависи од работата на срцето. Нив главно ќе ги најдете во производите од животинско потекло.
Шеќер
Тестостеронот опаѓа и до 25% во случаи кога се консумира храна богата со шеќери. А кога тестостеронот опаѓа, се појавуваат проблеми со ерекцијата.