Ако не ве буди аларм: Вибратор будилник – разбудете се со оргазам!
Запознајте го Little Rooster (малиот петел).
Концептот на класичниот будилник не се менувал со годините: имаме аналоген и дигитален часовник, го местиме да ѕвони во одредено време, го преколнуваме денот кога сме се родиле и доаѓаме во ситуација да се разбудиме во шест часот наутро.
Разни иноватори се обидуваа малку да ја зачинат цела таа приказна за будилниците и да ја направат интересна (како загатка која мора да ја решите за алармот да престане да ѕвони), но всушност нештата не се премногу променети, и будењето се’ уште ни претставува одвратно искуство.
Меѓутоа, Британецот Тони Мегс во 2011 година смислил одлично решение. Тој направил апарат кој го нарекол Little Rooster, и тргнал во освојување на светот.
Тоа што го прави овој будилник толку посебен, е фактот дека всушност се работи за вибратор кој жената пред спиење го става во гаќите, а наутро се буди со лесно и удобно вибрирање, кое на крајот ја води до оргазам.
Оваа играчка, која веруваме дека ќе развесели многу дами ширум светот, доаѓа во три бои: бела, розева и виолетова, а можете да ја нарачате и преку интернет за 69 долари.
Играчката за секс на Мегс за многу кратко време станала хит, а на крајот од минатата година се обидел да ја лансира кампањата Indiegogo Crowdfunding за машка верзија на вибраторот, но цел проект завршил како едно големо фијаско.

