Љубов и секс

ЗАБОРАВЕТЕ ГО КРЕВЕТОТ: Хит е секс во кујна

Сексот одвреме-навреме знае да стане монотон, но среќа е што постојат толку места и начини на кои може да водите љубов, па така доколку се потрудите, никогаш нема да западнете во сексуална криза. Точно е дека креветот е најудобното место за огнените игри, но консумирањето само на креветот е целосно погрешно. За почеток мора да се фокусирате на останатите простории во својот дом, со акцент на кујната која може да биде извор на неодоливи страсти.

Вообичаената мисионерска поза во креветот заменете ја со разменување нежности на работната површина во кујната. Ако вашата кујна е мала, доволно е жената да седне на масата и со нозете да го обвие мажот, кој ѝ приоѓа однапред.

Фотоилустрација: Foter.com/Soft Screams

Фотоилустрација: Foter.com/Soft Screams

А доколку кујната ви е поголема, тогаш жената може и да легне на работната површина или на трпезариската маса, или пак да се сврти со грбот кон партнерот и да имаат секс одзади.

Друго место во кујната кое може да го истражите е подот. Пред да ја започнете акцијата, расфрлајте перници на подот за да ви биде поудобно. Работите дополнително може да ги зачините со разни работи од вашата кујна, а кои ви се наоѓаат при рака. Без разлика дали се тоа коцки чоколадо, сладолед, овошје или нешто сосем друго, погрижете се да биде страсно и слатко.

(Телеграф.мк/Телеграф.рс)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button