Занимливости
Пчелите преку мириси можат да откриваат присуство на болести

Експерименти на португалски научници покажуваат дека пчелите со помош на своето чувство за мирис можат да откријат присутност на рак, туберкулоза и дијабетес, во нивна рана фаза на развојот.
Веќе е познато дека пчелите имаат извонредна способност за откривање мириси со помош на низа олфакторни жлезди сместени на целото тело.
Во новиот експеримент е утврдено дека пчелите можат да откријат присутност на низа болести во здивот на пациентот.
Истражувачите напоменуваат дека е утврдено оти пчелите за оваа задача е можно да се истренираат во рок од само десет минути.
Пчелите и осите веќе се користат за откривање на поставени мини и криумчарена дрога.
3.12.2013

