Вашето здравје е во еден филџан зелен чај
„Чајот настанал како лек, а прераснал во напивка“, го цитираат Јапонците својот славен Какузо Окакура, инаку автор на славната „The Book of Tea“. Се осврнуваме токму на лековитоста на зелениот чај, кој го нарекуваме и „вистински чај“, заради теинот. Дознајте зошто би требало да го пиеме секојдневно.

Чајот врз човечкиот организам дејствува на следниов начин:
– ја подобрува циркулацијата на крвта
– ја поттикнува луцидноста и менталната диспозиција
– ја олеснува елиминацијата на алкохолот и на другите штетни супстанции
– ги зголемува одбранбените сили на организмот во однос на многу болести
– го спречува паѓањето на забите
– го забрзува метаболизмот
– има антитоксично и регенеративно влијание врз кожата
– спречува анемија
– ја прочистува урината
– помага при варењето
– го избиструва видот
– ги намалува болестите на зглобовите
– ја гаси жедта
– го намалува претераното излачување слуз
– ги отстранува заморот и депресијата
– го продолжува животот
Ви предлагаме два лековити рецепти со зелен чај:
За висок притисок – чај со банана
Овој чај секој ден можат да го пијат сите што се постари од 45 години.
– банана
– зелен чај
– пола шолја вода
Исечете парче банана од околу 2,5 см за една шолја чај, згмечете го и ставете го на дното од шолјата. Додадете ливчиња чај и долејте зовриена вода. Оставете да постојат две, три минути и испијте.
За настинка – чај со ѓумбир и млад лук
Ви треба сув корен од ѓумбир и две млади лука (само белиот дел). Исечете го коренот од ѓумбир на парчиња со дебелина од три мм, а исто така и младиот лук. Ставете ги во чајник и додадете зелен чај по желба и долејте врела вода. Овој чаен напиток можете да го засилите и со неколку зрнца морска сол.