4 навики во исхраната кои треба веднаш да ги заборавите

Ова се работите кои никогаш не треба да ги правите…
Ова се работите кои никогаш не треба да ги правите…

Пиење калории
Газираните пијалоци, соковите и енергетските напитоци се најчестата препрека со која луѓето се среќаваат додека држат диета. Тие не содржат никакви нутриенти и претставуваат чист шеќер. Единствен исклучок претставуваат соковите и шејковите кои сами ќе си ги направите од свежо овошје.
Прескокнувате оброци
Сите нутриционисти препорачуваат 6 помали оброци дневно. Не ги прескокнувајте оброците со надеж дека ќе намалите некое кило, со тоа само го исцрпувате организмот и предизвикувате повеќе да ги чува мастите како резерва.
Јадете пржена храна
Иако е вкусно, пржениците се дефинитивно нешто што треба да се избегнува. Масти, калории, никакви хранливи материи… потребно ли е уште објаснување?
Јадење шеќери и житарици во доцните часови
Иако интегралните житарици и оние со цели зрна се препорачливи, сепак во доцните часови треба да ги избегнувате, затоа што даваат доста енергија која не е потребна пред спиење.

