Занимливости

Пијалак кој ќе ги спречи подуеноста и гасовите

Стомачните проблеми како надуеност и гасови најчесто се јавуваат како последица од недоволно изџвакана храна како и од одредени продукти богати со јаглехидрати и лактоза. Меѓутоа, постои пијалак кој ќе ви ги реши проблемите.

Многу зачини и растенија го олеснуваат варењето, па на луѓето со вакви проблеми им се препорачува почесто да ги користат. Тие го поттикнуваат создавањето на ензими што од своја страна го подобрува варењето на храната, а помеѓу нив се истакнуваат следниве: ѓумбир, нане, мајчина душица и др.

За да се интензивира нивното дејство треба да се комбинираат со камилица, а ако на тоа додадете и јогурт со пробиотици заедно со парчиња ананас кој е богат со ензими, ќе направите напиток кој ќе ви го олесни варењето на храната и ќе ги елиминира симптомите како надуеност и гасови.

Еве го рецептот кој ќе ве ослободи од проблемите со варењето на храната:

1 шолја студен чај од камилица

1 шолја јагоди

1 шолја парчиња ананас

1 јогурт со пробиотици

1 лажица мед

1 шолја коцки мраз.

Се заедно измешајте во блендер се додека компонентите добро не се соединат, а потоа уживајте во вкусниот и лековит пијалак.

Подготви: К. А.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button