Идеалниот број на сексуални партнери е…
Кој е идеалниот број на сексуални партнери? Одговорот, според најновото изтражување е 10.
Ако една личност имала сексуални односи со помалку од 10 луѓе, таа се смета за неискусна. Во случај ако бројот е поголем од 10, тогаш таквиот човек се смета за развратен и блуден.
Треба да додадеме, дека бројот на љубовници „10“ се смета за идеален како за мажите, така и за жените.
Така барем тврдат околу 50 отсто од претставничките на понежниот пол и 46 отсто од мажите, кои учествувале во истражувањето. Во исто време 40 отсто од мажите и 36 отсто од жените посакале да имаат неискусен партнер. А 10 отсто од дамите и 11 отсто од претставниците на посилниот пол изјавиле дека идеалниот за нив љубовник или љубовница би требало претходно да спиел/а со 10 до 30 партнери.
Интересен детаљ е дека само 3 отсто од учесниците би сакале да излегуваат со човек кој имал над 30 сексуални партнери во животот.
Подготви: К. А.