Како положбата во која спиете влијае на здравјето?
Секој има препознатлива поза во која спие (а од која е тешко да се одвикнете). Настрана причината заради која еден човек преферира една положба повеќе од друга, самите пози имаат влијание врз здравјето.
Како што пишува bizlife, бидејќи минимум шест часа минувате во спиење навистина е важно во каква положба ги минувате тие часови. Најздраво е да се спие свртен на грб, под услов да не спиете на повеќе перници и да не ‘рчите.
Препознајте која е вашата препознатлива положба во која спиете и откријте какво влијание имаа таа на вашето здравје.

1. Спиење на стомак
Спиењето на стомак може да го подобри варењето, но се препорачува само ако умеете правилно да дишете. Во спротивно, спиењето со главата свртена на левата или десната страна ќе ја направи поотпуштена страната на која спиете, брчките ќе се појават предвреме, а вратот трпи притисок во текот на целата ноќ. Положбата на главата додека спиете на стомак може да предизвика болка во грбот. Но, ако не ‘рчите и не сте почувствувале болка во вратот и грбот, можете слободно да спиете во оваа положба.
2. Фетус
Оваа положба на спиење е најпопуларна и ја практикуваат околу 60% од луѓето. Недостатокот на оваа положба е што заради свитканите колена и глава му штетите на ‘рбетот. Но, се смета дека е добро да спиете во оваа поза ако имате проблеми со ‘рчењето, а се препорачува и за трудници.
Некои психолози тврдат дека луѓето кои спијат во оваа положба се повлечени.
3. Спиење странично со рацете покрај телото
Оваа положба му дава најдобра потпора на ‘рбетот, бидејќи на тој начин тој останува во правилна положба. Луѓето кои спијат во оваа положба речиси немаат проблеми со грбот и помали се шансите да се соочат со апнеа (прекин во дишењето).

4. Спиење странично со рацете на страна
Како и во претходниот случај, оваа положба е добра за ‘рбетот. Но, овој начин на спиење може да предизвика болка во рамената и рацете.
5. Војник
Спиењето на грб со рацете спружени покрај телото е најдобра положба за телото во поглед на грбот и вратот, но под услов да не спиете на премногу висока перница. Недостатокот на оваа положба е ‘рчењето и апнеа.
6. Морска ѕвезда
Ова е положбата во која спиете на грб со раширени раце без разлика дали ги ставате над перница или околу телото. Оваа положба е одлична за грбот, но го има истиот недостаток како положбата „војник“ бидејќи го поттикнува ‘рчењето, а доколку ги ставате рацете над глава може да предизвика болка во рамената.