Зошто помфритот е лош избор за јадење?
Помфритот е едно од омилените јадења на милиони луѓе, кои често го занемаруваат фактот дека тој претставува прилично нездрава храна од која човекот скоро и да нема никаква корист (освен што ужива во вкусот).
Помфритот е преполн со сол, калории и масти. Еве неколку причини заради кои добро треба да размислите пред да си го нарачате.
Нездрави масти
Компирот сам по себе не содржи штетни масти, но помфритот и тоа како содржи. Тоа е така бидејќи тој се пржи во маснотија во која има масло и маргарин и при тој процес компирот ги прима во себе тие нездрави масти.
Нема хранлива вредност
Белиот компир од кој се прави помфрит, содржи најмалку хранливи вредности од сите врсти на компир. Тој изобилува со јаглехидрати, кои е добро познато дека се главни виновници за дебелеењето. Земете предвид дека компирот се пржи на висока температура, заради што ги губи преостанатите здрави состојки.
Скриен отров
Генерално, пржената храна го содржи отровот акриламид. Овој отров особено е содржан во помфритот. Според СЗО, количеството на акриламид во храната претставува причина за загриженост.