Фитнес

Аеробик или теретана: Како да се одлучите?

aerobik-ili-teretana-kako-da-se-odlucite-01
Околу ова прашање отсекогаш се кревала прашина, но најчестата заблуда која ќе ја сретнете во овие дискусии е дека аеробикот е за жени, а теретаната за мажи.
Околу ова прашање отсекогаш се кревала прашина, но најчестата заблуда која ќе ја сретнете во овие дискусии е дека аеробикот е за жени, а теретаната за мажи.

aerobik-ili-teretana-kako-da-se-odlucite-01

Изборот на начинот на вежбање би требало да се темели врз афинитетите на оној кој вежба, наместо врз неговиот пол, старост или моменталната форма.

Тренингот во теретаната е индивидуален и секој може да работи на себе според сопствената желба – од обликување на телото па сè до набивање на мускулна маса.

Од друга страна, аеробикот е групна фитнес програма во која има одреден инструктор. Во овие вежби, тој ја одредува силата на програмата и оптеретувањето на мускулите.

Вежбањето во група е забавно и немате многу простор за ескивирање, додека во теретаната сте препуштени сами на себе и на вашите желби.

Затоа, за секој почетник препорачлива е придружба од инструктор или личен тренер, барем во првите неколку месеци.

Постојат мислења дека во теретана не може да ги намалите килограмите, а на аеробик никогаш нема да ги зајакнете мускулите, што е сосема спротивно.

Основните карактеристики на боди билдингот како спорт е брзо губење на масните наслаги, додека аеробикот со својата разновидна програма може да ви помогне во обликувањето на телото и мускулите.

aerobik-ili-teretana-kako-da-se-odlucite-02

Многу жени ја избегнуваат теретаната и воопшто вежбањето со тегови затоа што се плашат од големите, напумпани мускули, додека мажите го презираат аеробикот затоа што мислат дека таму само се игра. Вистината е далеку од тоа.

Само големо оптеретување и посебно програмирани тренинзи, проследени со правилна исхрана може да ве доведат до зголемување на мускулната маса.

Освен тоа, жените многу потешко ја постигнуваат заради значително помалото количество на тестостерон, кој е машки хормон.

Од друга страна, денешните аеробни програми се користат тегови тешки до 5 килограми, гуми и други реквизити кои исто така се делотворни во зголемувањето на мускулната маса.

Во двата начини на вежбање, освен естетскиот, не е помалку важен здравствениот ефект. Вежбите превентивно делуваат на појавата на остеопороза, како и на срцевиот и респираторен систем.

aerobik-ili-teretana-kako-da-se-odlucite-04

Аеробил или теретана? Што би одбрале вие?

 

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button