Занимливости

ИСТРАЖУВАЊЕ: Повремената употреба на марихуана не му штети на здравјето

Пушењето џоинт еднаш на ден, се чини, не им штети на белите дробови, покажа истражувањето спроведувано во период од 20 години и потврди дека марихуаната не е штетна како што се цигарите.

Резултатите од една од најголемите и најдолгите студии спроведени за последиците од марихуаната врз здравјето покажува штетност при зачестеното консумирање, односно за оние што консумираат џоинт два или повеќе пати дневно во текот на повеќе години. Податоците покажуваат дека користењето марихуана толку често може да предизвика пропаѓање на функциите на белите дробови.

Авторите препорачуваат „внимателност и умереност кога станува збор за консумирање марихуана“. Истражувањето врз пет илјади испитаници во текот на 20 години го спроведоа истражувачите од Универзитетот „Калифорнија“ во Сан Франциско и Универзитетот „Алабама“ во Бирмингем, а го објави „Journal of the American Medical Association“.

Во студијата се наоѓаат и резултати од помали истражувања со кои е докажано дека марихуаната содржи исти токсични хемикалии како и цигарата, но нема ист ризик кој би можел да поттикне заболување од болестите на белите дробови.

– Не е јасно зошто е така, но можно е причината да е главната состојка на марихуаната, ТХЦ, која го предизвикува „она хај чувство“. ТХЦ исто така, помага во борбата против воспаленија и може да ги неутрализира ефектите на многу поиритирачки хемиски споеви кои се наоѓаат во дрогата – изјави д-р Доналд Ташкин, професор по медицина на Универзитетот „Калифорнија“.

Експертите одвоено го анализирале дејството на цигарите и на марихуаната врз консументите што ги земаат и двете и кај оние што пушат само марихуана или само цигари.

Анализата покажува дека марихуаната не ѝ штети на работата на белите дробови, а цигарите имаат негативни последици. Иако џоинтот има речиси иста количина токсини како и цигарата, тие во текот на денот сепак се пушат многу помалку, а и начинот на вдишување е поблаг, што на белите дробови им дава релативна заштита, велат научниците.

Испитувањата покажале постојано слабеење на функциите на белите дробови кај пушачите на цигари во текот на дваесетгодишното истражување.

(Телеграф.мк)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button