АПОКАЛИПСА ВО ЖИВО: Смртоносен вирус го зафаќа цел свет (ВИДЕО)
Користејќи ја шемата на авионскиот сообраќај во светот, група теориски физичари составиле видео симулација со која ја предвидуваат брзината со која би се проширил евентуален смртоносен вирус низ планетата.
Резултатите биле разочарувачки. Речиси и да нема место на Земјата кое нема да биде зафатено. Вината најмногу ја носат авионите кои дневно превезуваат повеќе од три милијарди патници низ целиот свет.
Анализата ја направил физичарот Дик Брокман. Заедно со неговиот тим составиле шема по која би се развила хипотетичката епидемија, слична на свинскиот грип од 2009 година. Според анализите, епидемијата повеќе се пренесува преку авионскиот сообраќај и тоа меѓу поголемите и пооддалечените градови, отколку меѓу градовите што се поблиску еден до друг.
Погледнете го видеото и помислете каде би се сокриле доколку светот го зафати слична епидемија.
(Телеграф.мк)
